Евроамбасадорот во Албанија порача правосудните институции заедно да ја вратат довербата во судството

Амбасадорот на ЕУ во Албанија, Луиџи Сореца, порача дека сите правосудни институции во Албанија мора да работат заедно за ефикасност, интегритет и независност на правосудниот систем.

За време на онлајн состанок со претставници на албанските правосудни институции, Сореца додаде дека ЕУ ќе продолжи целосно да ги поддржува реформите во правдата, кои продолжуваат да бидат врвен приоритет.

-Сите правосудни институции мора да продолжат да работат заедно за да се обезбеди ефикасност, интегритет и независност на правосудниот систем. Да се обнови довербата во судството и да ми служи на албанскиот народ со правда – нагласи амбасадорот.

Тој додаде дека институциите исто така мора да покажат лидерство и насока потребни за спроведување на највисоки можни стандарди на ЕУ.

-Европската Унија ќе продолжи целосно да ги поддржува правосудните реформи, кои продолжуваат да бидат клучен приоритет на ЕУ во Албанија – порача Сореца.

Ова е прва негова објава откако деновиве Алијансата за одбрана на Националниот театар, до Специјалното јавно обвинтелство, против него поднесе кривична пријава за „влијание врз Уставниот суд“ при донесување одлука за предметот „театар“, а од шефот на државата и министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка побараа тој да биде прогласен за „перснона нон грата“.

Џачка во реакцијата наведува дека амбасадорот Сореца е добар пријател на Албанија и Албанците, изразувајќи жалење за обвинувањата, оценувајќи ги истите како клевета.

Портпаролот, пак, на Европската комисија, Петер Стано, ги оценува како неосновани обвинувања и ги нарече кампања против делегацијата во Албанија.