ЕвроБаскет 2022: Франција ја совлада Италија во продолжението

Француската кошаркарска селекција победија во нов драматичен натпревар во четвртфиналниот дуел во Берлин против селекцијата на Италија со 93:85 (77:77).

Претходно во осминафиналето Франција со голема среќа, исто така во продолжението ја совлада Турција. Овојпат Италија имаше сѐ во своите раце, но одличната игра во последните две четвртини на крајот самите ја поништија.

Французите од почетокот постојано ги држеше Италијанците на шест/седум поени разлика. Италијанците како против Србија не беа толку расположени во шутевите за „тројка“, а Франција особено во втората четвртина доминираше во одбраната и делуваше поорганизирано.

Во третата четвртина Франција отиде и на десет поени разлика, но се чини ја повтори грешката на Србија, и ја повлече од игра својата НБА-ѕвезда Руди Гобер, а во завршницата на оваа делница тимот се блокираше. Италијанците се расшутираа за „тројка“ и многу брзо направија пресврт и првпат на мечот го преземаа водството, и тоа со шест поени 62:56. Две минути пред крајот на мечот имаа предност и до 75:68, но тоа не им беше доволно за голем триумф.

При резултат 77:75 на само 16 секунди пред крајот, Фонтекио имаше две слободни фрлање но не ги реализираше. На спротивната страна Уертел поентираше за 77:77, а Фонтекио не го реализираше и последниот удар за победа и полуфиналето. Во продолжението покрај деморализираните Италијанци, доминираа Французите кои во полуфиналето ќе играат со победникот од дуелот Словенија – Полска.

Кај Франција Тома Уертел со 20 коша беше најефикасен, а Руди Гобер впиша 19 поени со 14 скокови. Кај Италијанците, пак, Марко Спуси и Сомоне Фонтекио постигнаа по 21 поен.

Во вторникот полуфиналните дуели ги обезбедија Шпанија и Германија. Шпанците со 100:90 беа подобри од Финците, додека Германците изненадувачки ги надиграа фаворизираните Грци со 107:96.