ЕвроБаскет 2022: Германија преку Полска до бронзата

Кошаркарите на Германија го освоија третото место на европското првенство, откако во дуелот за бронзениот медал во Берлин беа подобри од Полска со 82:69 (19:14, 17:9, 18:26, 28:20).

Во втората четвртина Германија се одлепи од Полска поведувајќи со повеќе десет поени разлика. Меѓутоа, во продолжението Полјаците постепено го намалуваа заостанувањето и на седум ипол минути до крајот израмнија на 59:59.

Германија тогаш возврати со серија „тројки“ што беше клучно за конечниот исход и на крајот домашната селекција славеше со плус 13.

Денис Шредер беше прв германски стрелец со 26 поени со 6 асистенции но имаше и 8 загубени топки. Војгтман додаде 14 поени со 9 скокови и 6 асистенции. Полска ја предводеше Михал Соколовски со 18 коша.

Со оваа победа Германија комплетираше по еден медал во историјата на европските првенства. Златни беа во 1994, а среброто го освоија во 2005 година.

Во 20,30 часот започнува финалето меѓу Франција и Шпанија.