ЕвроБаскет 2022: Полска во четвртфиналето против Словенија

Полската кошаркарска репрезентација во неделата во првиот натпревар од осминафиналето на европското првенство ја совлада Украина со 94:86 (24:21, 18:24, 27:22, 25:19) и така обезбеди настап во четвртфиналето каде ја очекува Словенија.

Полска до победата ја водеа ЕјЏеј Слотер со 24 и Матеуш Понитка со 22 коша. Кај Украина најдобар беше Вјачеслав Бобров со 15 поени, додека Артем Пустовиу и Исуф Санон постигнаа по 13 кошеви.

Така Полска во четвртфиналето во среда ќе игра против Словенија, која местото меѓу осумте најдобри селекции во досегашниот тек од турнирот го обезбеди во саботата со победата над Белгија од 88:72.

Денеска уште се играат преостанатите три меча од осминафиналето Финска – Хрватска (14.45 часот), Србија – Италија (18.00) и Грција – Чешка (20.45).

Во саботата пласман в четвртфиналето изборија уште Германија, Шпанија и Франција,