Евроинтеграцијата на Скопје и Тирана меѓу приоритетите на португалското претседателство, истакнува Силва

Португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантош Силва најави дека Португалија ќе се се обиде да ги организира првите меѓувладини конференции со Македонија и со Албанија во првата половина од годинава, откако го презеде ротирачкото претседателство со Европската Унија (ЕУ) на 1 јануари.

Тој истакнал дека отворањето на пристапните преговори со Скопје и со Тирана е меѓу приоритетите на португалското претседателство, на онлајн брифинг со новинарите, додавајќи дека ЕУ досега испорачала многу барања до Македонија.

– Тие ја завршија својата работа. Сега е време ние да го завршиме нашето – категоричен е Силва, најавувајќи дека преку разговори со Софија и со Скопје ќе се настојува да се надминат недоразбирањата.