Еврокмесарот Аврамопуос, можен кандидат за претседтел на Грција

72

Грчкиот еврокомесар Димитрис Аврамопулос се споменува како евентуален кандидат за нов претседател на Грција, тврди европското електронско издание на „Јурополитикс“, објави МИА.

Во текстот се наведува дека „се слушаат гласини за повлекување на Аврамопулос од функцијата еврокомесар“, бидејќи неговото име било споменувано како кандидат за местото шеф на државата. Пред извесно време, Аврамопулос јавно ги демантираше ваквите сценарија.

Се очекува Аврамопулос да се повлече од Европската комисија следниот месец, кога грчкиот Парламент ќе треба да започне процедура за избор на нов претседател, наведува „Јурополитикс“.

Кон крајот на минатата година грчкиот Парламент не успеа да избере нов претседател, што беше причина за одржување на предвремени парламентарни избори во земјата.

Димитрис Аврамопулос, инаку член на Нова демократија, беше меѓу првите кои телефонски му ја честитале победата на изборите на Алексис Ципрас и неговата партија СИРИЗА.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.