Еврокомесарот Вархеји изрази сочувтсво за сообраќајната несреќа

Еврокомесарот за проширување изрази сочувство преку Твитер за автобуската несреќа во која загинаа најмалку 46 лица на автопатот Струма.

„Ужасни вести за трагичната автобуска несреќа во Бугарија рано утрината. Моите мисли и сочувство се со семејствата и пријателите на загинатите како и со луѓето и властите на Северна Македонија. Им посакувам брзо заздравување на повредените“, напиша Оливер Вархеји на Твитер. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.