Евролига: Анадолу Ефес последен учесник на завршниот турнир

Кошаркарите на Анадолу Ефес се последните учесници на годинешниот завршен турнир од Евролигата кој ќе се игра од 17-ти до 19-ти мај во шпанскиот град Виторија-Гастејис, откако во решавачкиот петти дуел во четврфиналето од плеј-офот во својата сала ја совладаа Барселона со 80:71 (23:28, 24:14, 14:15, 19:14).

Во победничката екипа Шејн Ларкин и Адриен Моерман со по 18 коша беа најефикасни, додека Крис Синглтон и Томас Хуертел дадоа по 12 коша за Барселона.

Ефес последен пат играше во финалето во 2001 година.

Анадолу Ефес во полуфиналето ќе игра против големиот градски ривал инстанбулски Фенербахче, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат Реал Мадрид и ЦСКА Москва.