Евролига: Барселона со трет триумф во низа, Фенербахче повторно поразен

Во кошаркарската Евролига синоќа се одиграа пет натпревари од 14.коло. Барселона ја забележа третата победа во низа, додека Фенербахче запиша уште еден пораз, вкупно деветти оваа сезона.

Резултати:
Зенит – Макаби 71:82
Жалгирис – Анадолу Ефес 68:74
Панатинаикос Фенербахче 81:78
Реал Мадрид – Милано 76:67
Барселона – Лион-Вилербан 80:67
Валенсија – Басконија 105:77.

На табелата води Анадолу Ефес со 12-2 (победи-порази), Барселона е втора со биланс 11-3, исто толку има и Реал на третата позиција.