Евролига: Голема победа на Партизан над Олимпијакос, Реал по две продолженија ја совлада Барса

Кошаркарите на Партизан забележа голема победа во рамките на 12. коло на Евролигата, откако во преполната „Белградска Арена“ го совладаа фаворизираниот Олимпијакос со 78:70 (16:25, 22:11, 12:22, 28:13).

Во претходното коло „црно-белите“ ја победија, исто така фаворизираната, Црвена ѕвезда (89:77) и се очекуваше понесени од тој триумф добро да го отворат овој дуел поддржани од трибините, но наместо тоа гостите тргнаа моќно. Многу брзо тимот од Пиреја поведе со 8:0, што го принуди Жељко Обрадовиќ по неполни две минути да побара тајм-аут. Тоа не го наруши ритамот на гостите, па атинските „црвено-бели“ отидоа на максимални плус 14 (23:9).

Сепак, и покрај лошиот шут на Партизан надвор од линијата 6,75, „црно-белите“ заостанаа со едноцифрена разлика по првата четвртина (16:25). На паркетот на „Белградска Арена“ во втората четвртина се појави сосема поинаков Партизан, која со својата зонска одбрана го натера ривалот да се мачи во нападот, што резултираше со пресврт од 38:36. Ова беше и конечниот исход од првото полувреме.

Домашниот тим повторно доживеа пад во третата четвртина. Во овој период гостите дури четири пати погодија под прекршок со дополнително слободно фрлање и така во последната четвртина успеаја да влезат со седум поени разлика 57:50.

Натпреварот беше интересен и по пресвртите, односно првата и третата четвртина им припаднаа на гостите, а втората и четвртата на домашните. Партизан повторно ја зголеми агресивноста во одбраната, добро функционираше и нападот, што на „црно-белите“ им донесе големи девет разлика 72:63, на нешто повеќе од три минути до крајот. Олимпијакос се обиде да се врати преку Фурние, но Французинот промаши две слободни фрлања при негатива од шест поени. Домашниот тим го искористи тој подарок и успеа да ја задржи предноста и да оствари голем триумф.

Кај црно-белите најефикасен беше Карлик Џонс со 15 поени, а го следеше Ифе Лунберг со 13. На другата страна најдобар беше Еван Фурније со 16, а Никола Милутинов мечот го заврши со 13.

Ова беше втора последователна победа за Партизан во Евролигата, додека тимот од Пиреја го доживеа првиот пораз по пет последователни победи. Партизан сега има сооднос на победи и порази 4-8, а грчкиот клуб 8-4.

Кошаркарите на Реал Мадрид иако беа во загубена ситуација, на крајот по две продолженија ја совладаа Барселона со 97:90.

Барселона требаше да го реши натпреварот во своја полза во основните 40 минути. На влезот во последната минута домашните имаа четири поени предност, како и три пред последниот напад на Реал. Но тогаш Кампацо на секунда до крајот погоди „тројка“ за 74:74.

По првото продолжение немаше победник, а во второто доминираше Реал што резултираше со шестата победа во Евролигата, а покрај тоа мадриѓаните имаат и шест порази. Барселона сега има соодност 7-5.

Прв стрелец на Реал беше Валтер Таварес со 24 поени а имаше и 18 скока, го следеше Хезоња со 23 коша и седум скока. Факундо Кампацо мечот го заврши со 18 поени, 10 асистенции и четири скока.

Кај Барселона, Кевин Пантер постигна 27 поени, додека Јан Весели постигна 20 поени со осум скока.

Фенербахче води на табелата со скор 9-2. Париз има 9-3, Баерн 8-3, Олимпијакос 8-4, додека Панатинаикос и Монако имаат по седум победи и четири порази.

РЕЗУЛТАТИ, 12. коло:

Жалгирис – Басконија 70:83
Алба Берлин – Макаби Тел Авив 85:103
Париз – Виртус Болоња 81:78
Партизан – Олимпијакос 78:70
Барселона – Реал Мадрид 74:74, 90:97 (по две продолженија)