Евролига: Макаби славеше во Барселона

Кошаркарите на израелски Макаби минимално со 68:67 славеа на гостувањето кај Барселона во петокот вечерта во рамките на 15-то коло од Евролигата.

Барселона на крајот имаше напад за победа, но Кори Хигинс, кој со 16 коша беше најефикасен и во домашниот тим и на натпреварот, не реализираше шут за „тројка“.

Кај победниците најефикасен беше Драган Бендер со 15 поени, а го следеше Тилер Дорси со 14 коша.

Баерн во Минхен беше подобар од Басконија со 77:66. Најдобар кај Баварците беше Џејлен Рејнолдс со 21 кош, а Вејд Болдвин додаде 17 поени. За Басконија Зоран Драгиќ уфрли 13 поени.

Реал Мадрид со 86.82 славеше на гостувањето кај Олимпијакос, а Црвена ѕвезда во Белград ја надигра Валенсија со 76:73. Асвел, пак, со 90:84 на својот паркет го победи московски Химки.

На табелата води московска ЦСКА со сооднос 12 победи и три пораза пред Барселона со 11-4 и Реал Мадрид со 10-5/.

Позициите за пласман во плеј-фото засега се уште ги држат милански Армани со 9-5, Валенсија со 9-6, Зенит Сант Петербург со 8-т и Жалгирис со 8-7.

Убедливо на дното е Химки со сооднос 2-13, со три победи помалки од претпоследниот Фенербахче и едно место погоре пласираната Црвена ѕвезда, и двете екипи имаат сооднос 5 победи наспроти 10 порази.