Евролига: Муса и Љуљ за победа на Реал во продолжението на „Ел Класико“

Кошаркарите на Реал Мадрид ја победија Барселона со 91:86 по продолжението пред своите навивачи, во „Ел Класико“ одиграно во рамките на синожешнотоп 21-во коло од Евролигата.

Барселона водеше вре текота на речиси целиот натпревар, неколкупати имаше и десет поени предност, но во последната четвртина домашната екипа успеа да ги стигне најлутите ривали и првпат да поведе со „тројката“ на Серхио Љул во 37 минута за 69:67. Барселона одговори со серија од 6:0 и во последната минута влезе со четири поени предност 73:69.

Тогаш хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња постигна тешка „двојка“, а Љуљ со два шута на 37 секунди до крајот израмни на 73:73. Ниту една екипа не успеа да забележи победонесен кош до крајот на регуларниот дел од играта.

Џанан Муса блескаше во дополнителните пет минути, постигнувајќи девет од своите 18 поени во продолжението. Хезоња погоди „тројка“ за 87:78 на 1,13 до крајот на продолжението, а победата на Реал ја потврди Љуљ со четири слободни фрлања во последните 11 секунди.

Габриел Дек беше најдобар стрелец на Реал со 23 поени, а Љуљ постигна 19. Никола Миротиќ со 17 поени ги предводеше стрелците на Барселона.

Реал Мадрид привремено го запоседна врвот на табелата во Евролигата со соодносот на победи и порази 14-7. Барселона е трета со сооднос 13-8.

Евролига – 21. коло

Резултати четврток:
Реал Мадрид – Барселона 91:86 (73:73) – продолженија
Алба – Валенсија 88:94
Асвел – Фенербахче 91:77
Монако – Армани Милано 101:88
Панатинаикос – Жалгирис 89:65

Натпревари петок:
Црвена звезда – Партизан (19.00 ч.)
Басконија – Анадолу Ефес (20.30 ч.)
Олимпијакос – Макаби Тел Авив (20.30 ч.)
Баерн – Виртус Болоња (20.45 ч.)

ТАБЕЛА:

1. Реал Мадрид 21 14 7 1731-1603 35
2. Фенербахче 21 13 8 1725-1659 34
3. Барселона 21 13 8 1665-1611 34
4. Монако 21 13 8 1598-1615 34
5. Олимпијакос 20 13 7 1691-1519 33
6. Жалгирис 21 12 9 1598-1612 33
7. Валенсија 21 11 10 1696-1734 32
8. Басконија 20 11 9 1668-1625 31
9. Макаби Тел Авив 20 11 9 1632-1631 31
10. Анадолу Ефес 20 10 10 1621-1549 30
11. Црвена звезда 20 10 10 1485-1527 30
12. Партизан 20 9 11 1662-1658 29
13. Виртус Болоња 20 9 11 1538-1596 29
14. Панатинаикос 21 8 13 1613-1690 29
15. Асвел 21 8 13 1583-1669 29
16. Баерн 20 8 12 1528-1568 28
17. Алба 21 6 15 1686-1745 27
18. Армани Милано 21 6 15 1475-1597 27

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.