Кошаркарите на Партизан го победија Макаби од Тел Авив во белградска Арена со резултат 98:75 (27:12, 21:20, 22:15, 28:28), во рамките на 19. коло од Евролигата. Партизан од почеток до крај покажа дека е подобриот тим во овој момент, со само мали падови во играта, што Макаби не успеа на најдобар начин да го казни.
Партизан одлично го отвори натпреварот, Макаби губеше топки и неговите поентери многу промашуваа, што „црно-белите“ го казнија во многу контри и брзо стигнаа до предност од 13:5, односно 19:10. Избраниците на Жељко Обрадовиќ продолжија да блескаат во нападот, Дејвис доминираше, се надоврза Браун, па Макаби на крајот од првата делница заостануваше со 15 поени разлика.
Во втората четвртина ритамот малку падна, Макаби успеа да фати некаков напаѓачки ритам, додека Партизан врза неколку лоши напади, па од 35:16, односно 37:18 брзо дојде до 37:28. Сепак, „црно-белите“ имаа одговор, се „разбудија“ на двете страни од теренот и, пред сѐ, поради Дејвис и Карлик имаа предност од 48:32 на полувремето.
По подолга пауза Дејвис продолжи да блеска, но Макаби стигна до минус 8 по поените на Хоард, Вилијамс и „тројката“ на Блат (54:46). По тајм-аутот Браун и Ниликина постигнаа „тројки“, Французинот имаше и леј-ап во противнапад, па Партизан поведе со 65:47. Браун имаше уште два одлични потега, па резултатот беше 70:47 на велзот од последниот период. Во четвртата четвртина имаше серија од „тројки“, моќни забивања на Тајрик Џонс, а Партизан и покрај малиот пад во играта успеа да сочува убедлива предност и без проблем да слави.
Најефикасен во победничкиот тим беше Стерлинг Браун со 21 поен, додека Брендон Дејвис додаде 16, а Двејн Вашингтон 13 со пет асистенции. Најдобар во тимот на Макаби беше Тамир Блат со 16 поени, Дибартоломео додаде 15, а Џејлен Хоард 12 со шест скока.
Партизан сега има 9-10, додека Макаби има 5-14 и е далеку од борба за плеј-оф и плеј-ин. Во следното коло „црно-белите“ ќе се соочат со Панатинаикос, додека Макаби ќе ја пречека Олимпија од Милано.
Кошаркарите на Фенербахче на свој терен го совладаа тимот на Ефес со резултат 84:76 (24:24, 19:16, 21:16, 20:20), а херој на триумфот беше Марко Гудуриќ. Српскиот репрезентативец одигра одличен натпревар во кој забележа 17 поени, седум скока, седум асистенции и две украдени топки. Ист поентерски учинок имаше и Тарик Биберовиќ. Кај гостите најмногу се истакна Елајџа Брајант со 16 поени, додека Шејн Ларкин додаде 15 поени.
Фенербахче во сезоната на Евролигата досега забележа 11 победи и седум порази со меч помалку, додека Ефес има учинок 10-9. Кошаркарите на Фенербахче во следното 20. коло ќе се сретнат со Алба, додека Ефес ќе игра против Асвел.
Виртус немаше шанси во Атина каде домашниот Панатинаикос беше убедлив 111:90. Исто како и против Баерн, Кендрик Нун постигна 27 поени, исто толку постигна турскиот интернационалец Омер Фарук Јуртсевен. Во гостинскиот тим најдобар беше Вил Клејберн со 25 поени.
Пао ја прослави 12. победа, а тимот од Болоња 14. пораз.
Кошаркарите на Реал Мадрид го совладаа Баерн со 88:76 и ја постигнаа десеттата победа, додека германскиот тим го забележа осмиот пораз.
По водството од 9:6 во четвртата минута, шпанскиот тим не ја испушти предноста до крајот на натпреварот. На крајот од првото полувреме имаше седум поени предност (23:16), а на полувреме +17 (47:30). Во третата четвртина германскиот тим намали на минус 12 (50:62) разлика со која натпреварот заврши.
Џанан Муса го предводеа Реал до победата со 15 поени, Марио Хезоња со 14 поени и осум скока и Факундо Кампацо со 13 поени. На спротивната страна најефикасни беа Карсен Едвардс со 18 и Шабаз Непиер со 17 поени.
Реал сега е осми со 10 победи и девет порази, додека Баерн е едно скалило погоре со скор 11-8.
На табелата водат Монако и Олимпијакос со по 13 победи и шест порази.