Евролига: Победи на Барселона, Милан и Макаби

Кошаркарите на Барселона, Армани Милано и Макаби Тел Авив победија во првите натпревари од 23-то коло на кошаркарската Евролига одиграни во четвртокот вечерта.

Барселона го совлада Баерн со 72:70, Армани Милано победи против Црвена ѕвезда со 74:68, додека Макаби Тел Авив на гости ја победи Валенсија со 94:93.

Во драматичен финиш Барса победи против Баерн и со тоа го презеде врвот на табелата. Кори Хигинс постигна кош за водство на домаќините на 22 секунди до крајот, по што Баерн имаше напад за победа или продолжение. Огњен Јарамаз гаѓаше за „тројка“ но промаши.

Домаќините до славјето ги предводеа Никола Миротиќ со 12 поени и Јан Весели со 10 поени и девет скока, додека на спротивната страна најефикасни беа Ник Вајлер-Баб со 15 поени и Јарамаз со 12 поени.

Драматично беше и во Валенсија, каде Макаби го победи домаќинот со 94:93, прекинувајќи ја серијата од четири порази и се врати во плејоф зоната.

Вејд Болдвин постигна 19 поени со 4 асистенции, Бонзи Колсон имаше 17 поени и 12 скока, а Џон Дибартоломео постигна 17 поени, од кои пет „тројки“. На домашниот паркет Џеред Харпер постигна 20 поени, а Клемен Препелиц 15.

Во третиот меч од вечерта Армани Милано ја совлада Црвена ѕвезда со 74:68. Били Барон со 15 и Дев Хол со 14 поени го предводеа италијанскиот тим, додека на спротивната страна Бенџамин Бентил постигна 17 поени.

Барселона води на табелата со 38 бодови, пред Олимпијакос и Реал Мадрид, кои имаат бод помалку, но и натпревар помалку.

РЕЗУЛТАТИ:
Валенсија – Макаби Тел Авив 93:94
Армани Милано – Црвена Звезда 74:68
Барселона – Баерн Минхен 72:70

Во петок, 3-ти февруари
Фенербахче Истанбул – Алба Берлин
Жалгирис Каунас – Партизан Белград
Монако – Реал Мадрид
Олимпијакос – Анадолу Ефес
Басконија – Панатинаикос
Асвел Вилурбан – Виртус Болоња

ТАБЕЛА
1. Барселона 23 15 8 1820-1759 38
2. Олимпијакос 22 15 7 1879-1681 37
3. Реал Мадрид 22 15 7 1814-1671 37
4. Монако 22 14 8 1801-1787 36
5. Фенербахче 22 13 9 1798-1752 35
6. Валенсија 23 12 11 1871-1901 35
7. Макаби Тел Авив 23 12 11 1893-1902 35
8. Басконија Виторија 22 12 10 1849-1812 34
9. Жалгирис Каунас 22 12 10 1668-1692 34
10. Анадолу Ефес 22 11 11 1799-1717 33
11. Партизан 22 11 11 1833-1807 33
12. Црвена ѕвезда 23 10 13 1703-1764 33
13. Виртус Болоња 22 10 12 1706-1759 32
14. Баерн Минхен 23 9 14 1762-1806 32
15. Армани Милано 23 8 15 1638-1748 31
16. Панатинаикос 22 8 14 1681-1773 30
17. Асвел Вилербан 22 8 14 1654-1761 30
18. Алба Берлин 22 6 16 1770-1847 28