Евролига: Пораз на Реал во Пиреа и на Ефес во Истанбул, Ѕвезда испушти победа во Каунас

Кошаркарите на грчки Олимпијакос гои победија во петокот вечерта пред своите навивачи Реал Мадрид со 73:60 во дербито од 20-то коло на Евролигата, а Анадолу Ефес како домаќин изненадувачки беше поразен од Баерн со 81:89.

Олимпијакос го предводеа Волкап со 18 и Везенков со 15 поени, додека најдобри стрелци кај Реал со по 12 коша беа Муса и Таварез.

Олимпијакос води сега на табелата со сооднос меѓу победи и порази 13-7, ист каков што имаат и Реал Мадрид, Фенербахче и Барселона.

За победата на Баерн среде Истанбул најзаслужни беа Хантер со 18 коша и 9 скокови, како и Рубит и Винстон кои впишаа по 14 поени. Домашните ги предводеше Василије Мициќ со 15 коша.

Анадолу Ефес со сооднос 10-10 е на деветтото место, а Баерн со 8-12 сега скокна на 14-то место.

Црвена ѕвезда пред 15.000 домашни навивачи на Жалгирис лошо влезе во натпреварот, но до крајот на полувремето успеа да ја намали предноста на домашните на осум поени. Третата четвртина белграѓаните ја добија со 26:12 и водството од 64:57 го имаа до влегувањето во нервозната завршница. Тогаш играчите на Ѕвезда направија неколку несфатливи грешки, а домашните покрај реализацијата за два поена во низа постигнаа и две „тројки“ што им овозможи недостижни плус 6 во самиот финиш.

Воедначениот тим Жалгирис го предводеше Улановас со 13 поени а со по 10 коша го следеа Смитс и Полонара. Кај Ѕвезда предничеа Патрушев, особено во третата четвртина, кој на крајот впиша 16 поени и Недовиќ со 11 коша, но имаа слаба поддршка до засилувањето Вилдоза со 9 поени и многу потрошени топки и технички грешки.

Црвена ѕвезда со соодносот 10-10 е на десеттото место, а Жалгирис со 12-8 скокна на петтата позиција на табелата.

Евролига – 20. коло

Одиграно во петок:
Анадолу Ефес – Баерн 81:89
Жалгирис – Црвена ѕвезда 71:66
Олимпијакос – Реал Мадрид 73:60
Армани Милано – Асвел 73:79

Одиграно во четврток:
Фенербахче – Монако 98:94 – продолженија
Макаби Тел Авив – Алба 87:74
Басконија – Барселона 78:85
Виртус Болоња – Панатинаикос 74:64
Валенсија – Партизан 89:81

ТАБЕЛА:

1. Олимпијакос 20 13 7 1691-1519 33
2. Реал Мадрид 20 13 7 1658-1530 33
3. Фенербахче 20 13 7 1648-1568 33
4. Барселона 20 13 7 1592-1538 33
5. Жалгирис 20 12 8 1533-1523 32
6. Монако 20 12 8 1598-1615 32
7. Басконија 20 11 9 1668-1625 31
8. Макаби Тел Авив 20 11 9 1632-1631 31
9. Анадолу Ефес 20 10 10 1621-1549 30
10. Црвена ѕвезда 20 10 10 1485-1527 30
11. Валенсија 20 10 10 1602-1646 30
12. Партизан 20 9 11 1662-1658 29
13. Виртус Болоња 20 9 11 1538-1596 29
14. Баерн 20 8 12 1528-1568 28
15. Асвел 20 7 13 1492-1592 27
16. Панатинаикос 20 7 13 1524-1625 27
17. Алба 20 6 14 1598-1651 26
18. Армани Милано 20 6 14 1378-1496 26