Евролига: Продолжија победничките серии на Барса, Армани и Фенер

Барселона, милански Армани и истанбулски Фенербахче со триумфите во 23-то коло на кошаркарската Евролига во четвртокот вечерта ги продолжија своите победнички серии во елитното континентално клупско натпреварување.

Барселона до шестата последователна победа дојде во самиот финиш на мечот кога Никола Миротиќ и Кори Хигинс погодија четири од петте слободни фрлањеа за конечните 76:74. Олимпијакос во полседните шест секунди успеа да упати еден шут за „тројка“ за победа и два за „двојка“ за продолжувања, но обидот на Спанулис за „тријка“ и следните обиди на Мартин и Слукас останаа на обрачот.

Миротиќ со 16 коша и Хигинс со 14 погодоци ги предводеа гостите од Каталонија до победата, додека кај Олимпијакос најдобар стрелец со 18 поени беше Шекил Меккисик.

До шестата последователна победа стаса и милански Армани кој како домаќин го совлада петербуршки Зенит со 82:76. Кевин Пунтер постигна 14 коша за победниците кај кои најдобар беше Кајл Хајнс со 12 поени и 8 скокови. Стрелците на Зенет ги предводеа Кевин Пангос и Остин Холинс со по 12 коша.

Кошаркарите на Фенербахче како гости го совладаа Химки од истоименото московско предградие, со 107:76 и така стасаа до осмата последователна победа во елитното европско клупско натпреварувања. Во турскиот тим најдобри беа Нандо Де Коло со 18 коша и Лоренцо Браун со 17 поени и шест асистенции. Химки го наниша 14-от пораз со ред и со само две победи од 23 дуели е убедливо последен на табелата. Ветеранот Алексеј Швед со 29 коша беше најдобар играч кај домашните.

Водечката Барселона има сооднос меѓу победи и порази од 17-6, втора е московска ЦСКА со 16-6, а трет е Армани со 15-7.

Евролига – 23-то коло

Олимпијакос – Барселона 74:76
Армани – Зенит 82:76
Химки – Фенербахче 76:107
Макаби ТА – Анадолу Ефес одложено

Во петок:
ЦСКА – Баерн
АЛБА – Реал М.
Панатинаикос – Валенсија
Ц.Ѕвезда – АСВЕЛ
Басконија – Жалгирис

ТАБЕЛА

1. Барселона 17 6 ​​1842-1675
2. ЦСКА Москва 16 6 1815-1708
3. Армани Милано 15 7 1779-1685
4. Реал Мадрид 14 8 1744-1664
5. Зенит 13 8 1625-1558
6. Баерн 13 9 1724-1683
7. Жалгирис 13 9 1755-1706
8. Фенербахче 13 10 1787-1786
9. Анадолу Ефес 12 10 1751-1692
10. Валенсија 11 11 1790-1794
11. Олимпијакос 11 12 1801-1822
12. Макаби Тел Авива 10 12 1717-1697
13. Басконија 9 13 1740-1741
14. АСВЕЛ 8 14 1675-1758
15. АЛБА Берлин 8 14 1678-1812
16. Панатинаикос 7 14 1637-1699
17. Црвена ѕвезда 7 15 1606-1705
18. Химки Москва 2 21 1813-2094