Евролига: Тежок пораз на Уникс кај Фенербахче

Во средбата од четвртото коло на кошаркарската Евролига, руски Уникс Казан го претрпе еден од најтешките порази во својата историја на гостувањето во Истанбул со 41:80 од Фенербахче во четвртокот вечерта.

Фенер веќе по првата четвртина водеше со 21:8, на полувремето беше 44:22 а на крајот од третата делница беше веќе 61:27. До крајот разликата се зголеми на огромните плус 39 (80:41). Уникс притоа имаше само 28 отсто шут од игра, и само пет погодени „тројки“ од 27 обиди. Домашните, пак, имаа 63 отсто шут и 15 скокови повеќе.

Фенербахче до втората победа го предводоа Марила Шајок со 17, Девин Букер со 16 и Нандо Де Коло со 13 коша. Во редовите на рускиот тим за кого ова беше третиот пораз, единствен играч со двоцифрен поени беше Ајзеа Канаан со 10 коша.

Макаби на гостувањето го победи Асвел со 93:85 впишувајќи ја првата победа, додека за францускиот претставник ова беше првиот пораз.

Џејмс Нанали со 26 и Џејлен Рејнолдс со 17 коша беа најефикасни кај израелскиот тим. Во редовите на на домашните Ели Окобо постигна 23 а Крис Џонс 14 коша.

Зенит во Санкт Петербург го победи Баерн со 79:71. За рускиот тим ова беше третата победа, додека германскиот претставник го забележа и четвртиот пораз,

Зените беше во негатива од осум поени, а на крајот заврши со „плус 8“. Џордан Микеј со 18 коша беше најефикасен за домашните, а Дарун Хилиард со 14 поени кај костите.

На табелата водат Асвел и Зенит со по седум бодови, додека Барселона и Милано имаат по шест бодови, но и натпревар помалку.

РЕЗУЛТАТИ

Алба Берлин (Германија) – Басконија Виторија (Шпанија) 76:80
Асвел (Франција) – Макаби Тел Авив (Израел) 85:93
Зенит (Русија) – Баерн Минхен (Германија) 79:71
Фенербахе (Турција) – Уникс Казан (Русија) 80:41

ВО ПЕТОК, 15-ТИ ОКТОМВРИ

Монако (Кнежевство Монако) – Барселона (Шпанија)
ЦСКА Москва (Русија) – Црвена ѕвезда (Србија)
Армани Милан (Италија) – Анадолу Ефес (Турција)
Реал Мадрид (Шпанија) – Панатинаикос (Грција)
Олимпијакос (Грција) – Жалгирис (Литванија)

ТАБЕЛА

1. Асвел 4 3 1 319-309 7
2. Зенит Санкт Петербург 4 3 1 286-281 7
3. Барселона 3 3 0 243-203 6
4. Армани Милано 3 3 0 245-210 6
5. Макаби Тел Авив 4 2 2 297-311 6
6. Басконија Виторија 4 2 2 275-308 6
7. Олимпијакос 3 2 1 216-185 5
8. Фенербахче 4 2 2 298-273 5
9. Црвена ѕвезда 3 2 1 205-185 5
10. Реал Мадрид 3 2 1 244-229 5
11. ЦСКА Москва 3 2 1 251-247 5
12. Монако 3 2 1 235-231 5
13. Алба Берлин 4 1 3 291-317 5
14. Уникс Казан 4 1 3 257-294 5
15. Панатинаикос 3 1 2 233-243 4
16. Баерн Менхен 4 0 4 281-301 4
17. Анадолу Ефес 3 0 3 238-257 3
18. Жалгирис 3 0 3 201-231 3