Во натпреварот од 21. коло на Евролигата, кошаркарите на водечкиот Реал Мадрид по продолжение ја победија Валенсија со 96:86, забележувајќи 19 победи во само два пораза.
Кошаркарите на Реал Мадрид уште еднаш им приредија драма на своите навивачи. Актуелниот европски шампион го одигра вториот домашен натпревар во низа по продолжение. Овојпат само едно, за разлика од неодамнешниот меч против Анадолу Ефес, кој беше решен дури по четири продолженија.
И овојпат навивачите на Реал на крајот можеа да слават, зашто нивните миленици победија со 96:86 со што го задржа врвот во Евролигата.
Валенсија подобро влезе во натпреварот, во првата четвртина имаше 11 поени предност (24:13). Во вториот дел гостите водеа со плус 12, но Реал до полувремето намали на пет минус поени (35:40). Во третата четвртина „Кралски клуб“ го сврте резултатот поведувајќи со 58:53, но во последната четвртина гостинската екипа возврати и стигна до шест разлика (70:64). Реал израмни на 70:70, а во возбудливата завршница Марио Хезоња погоди за три поена и водство (82:79) на три секунди до крајот. Сепак, и тоа малку преостанато време беше доволно гостите да израмнат, а Џеред Харпер погоди „тројка“ за продолжение.
Во дополнителниот период Реал беше подобар и тој дел од играта го доби со 14:4. Факундо Кампацо го предводеше Реал до нова победа со 19 поени и седум асистенции, Валтер Таварес со 18 поени и дури 19 скока и Серхио Љуљљсо 16 поени. Брендон Дејвис со 19 и Крис Џонс со 17 поени беа најефикасни кај Валенсија.
Средбата ја одбележа Серхио Љуљ, кој влезе во историјата како играч со најмногу натпревари во дресот на Реал Мадрид. Минатиот вторник во Минхен, Љуљ го собори клупскиот рекорд со 1.047 настапи во дресот на Реал. Пред натпреварот против Валенсија, дресот на „Кралвски клуб“ со број 1.047 му го подари Фелипе Рејес, досегашниот рекордер.
Љуљ го имаше своето деби за Реал во 2006 година, откако пристигна од Манреса. Низ годините со Реал освои 25 трофеи, меѓу кои и три Евролиги. Ова му е 18-та сезона во Мадрид и го израмни рекордот со Рафа Рулана по бројот на сезони во дресот на Реал.
Гледачите гледаа продолженија и во Истанбул, каде Фенербахче го победи Баерн Минхен со 98:91. Турскиот тим го предводеше Скоти Вилбекин со 30 поени, Дишаун Пјер додаде 15 поени и 10 скока, а Тајлер Дорси 13 поени. Во тимот на Баерн најефикасен беше Силвен Франциско со 21 поен, Девин Букер додаде 16 поени, а Андреас Обст 15 поени.
Панатинаикос го победи Монако со 88:63. Грците веќе имаа големи 15 разлика по првата четвртина, која ја зголемуваа во остатокот од дуелот. Матијас Лесорт со 23 поени, девет скока и пет асистенции и Кендрик Нан со 21 поен беа најефикасни во домашните редови, додека тимот од Кнежевствто го предводеше Донатас Мотијејунас со 13 поени.
Црвена ѕвезда на гости го совлада Емпорио Армани Милано со 76:62, реванширајќи се за домашниот пораз. Кај гостите најефикасен беше Рокас Гидраитис со 22 поени и шест скока, додека кај домаќините прв стрелец беше Џордано Бортолани со 14 поени.
На табелата води Реал Мадрид со 19 победи и два пораза, Барселона е втора со 14-6, а ист скор има и Виртус од Болоња. Следуваат Панатинаикос и Фенербахче со по 13 победи и осум порази.
РЕЗУЛТАТИ:
Фенербахче – Баерн Минхен 98:91 продолжение
Панатинаикос – Монако 88:63
ЕА Милано – Црвена ѕвезда 62:76
Реал Мадрид – Валенсија 96:86 продолжение
Петок, 12 јануари:
Адолу Ефес – Виртус Болоња
Партизан – Макаби Тел Авив
Басконија – Олимпијакос Пиреја
Барселона – Жалгирис Каунас
Асвел Вилурбан – Алба Берлин
ТАБЕЛА
1. Реал Мадрид 21 19 2 1808-1571
2. Барселона 20 14 6 1660-1585
3. Виртус Болоња 20 14 6 1647-1612
4. Панатинаикос 21 13 8 1700-1604
5. Фенербахче 21 13 8 1731-1679
6. Макаби Тел Авив 20 12 8 1718-1735
7. Олимпијакос Пиреја 20 11 9 1521-1477
8. Монако 21 11 10 1681-1669
9. Партизан 20 10 10 1646-1652
10. Басконија Виторија 20 10 10 1639-1660
11. Валенсија 21 10 11 1604-1602
12. Армани Милано 21 9 12 1624-1581
13. Црвена ѕвезда 21 9 12 1714-1680
14. Баерн Минхен 21 8 13 1608-1685
15. Жалгирис Каунас 20 7 13 1567-1611
16. Анадолу Ефес 20 7 13 1614-1729
17. Асвел Вилурбан 20 4 16 1577-1725
18. Алба Берлин 20 3 17 1506-1708