Евролигата во следните 24 часа ќе изрече казни за инцидентот на мечот Реал Мадрид – Партизан

Некаде по полноќ, Евролигата објави официјален извештај за случувањата на мечот Реал Мадрид – Партизан, осудувајќи го инцидентот и најавувајќи соодветни казни во претстојните 24 часа.

Во соопштението опишано е зошто мечот беше прекинат и акцент е ставен на пораката дека во кошарката нема место за ваков тип на конфронтации. Околу можните казни ќе решава дисциплински судија.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=3&v=XKAC-AW9RLo&embeds_euri=https%3A%2F%2Fsupersport.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

„Вториот натпревар од плеј-оф серијата меѓу Реал Мадрид и Партизан беше запрен на една минута и 40 секунди до крајот, кога се случи конфронтација на теренот и клупите на двата клуба беа, речиси испразнети. Кога беа изречени дисквалификациите за сите играчи кои учествуваа во инцидентот и по оние автоматски исклучувања за напуштање на клупата, ниеден тим немаше потребен минимум од двајца кошаркари за да ја доврши средбата, затоа мечот е официјално завршен со резултатот во времето кога беше прекинат, 95-80 во корист на Партизан, кој сега води со 2-0 во серијата.“

„Евролигата ги пренесе фактите од инцидентот на Независен дисциплински суд, кој ќе донесе одлука за сите случувања во согласнот со утврдените процедури во претстојните 24 часа. Евролигата силно ги осудува настаните кои се случија на крајот од натреварот. Такви настани не ги претставуваат вредностите кои лигата и нејзините клубови ги промовираат и кои ги претставува кошарката како спорт“, пишува во соопштението.

Третиот натпревар, во Белград е закажан за вторник.

Кошаркарот на Партизан, Ексум заработи тешка повреда по дивјачкиот потег на Јабуселе од Реал Мадрид, по што на патерици ја напушти салата.

Докторот на Партизан кажа дека му пукнала тетивата на вториот прст на стапалото на Ексум и тоа е тешка повреда, но по дополнителните прегледи ќе се знае колку време ќе паузира.

Со свои прогнози излегоа неколку српски портали, кои шпекулираат дека Ексум ќе паузира од три до пет недели, што значи дека најверојатно ќе се врати за Ф4-турнирот во Евролигата, доколку Партизан избори место на него, а во моментов се наоѓа во добра позиција бидејќи води со 2-0 против „кралевите“.

Дополнителните прегледи на Ексум, сепак, ќе дадат точна слика за неговата повреда и за периодот на рехабилитација на кошаркарот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.