„Европа“ ад Скопје прв овластен економски оператор

„Европа“ ад Скопје е компанијата која доби прво одобрение за овластен економски оператор од Царинската управа согласно стандардите за безбедност и сигурност. Тоа е меѓународно призната марка за квалитет која е показател дека економските оператори како што се производители, извозници, увозници, шпедитери и транспортери, во меѓународниот синџир на снабдувње се безбедни и сигурни и оти нивните царински контроли и процедури се ефикасни и усогласни.

Одобрението денеска и беше врачено на генералната директорка на „Европа“ ад Скопје Марика Кираџиоска од страна на премиерот Зоран Заев и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасосоки.

Според Кираџиоска, добиеното одобрение содржи строги процедури и прописи, но и бенефиции кои на компанијата ќе и го зголемат угледот и конкурентноста и ќе и ги намалат трошоците.

-Со добивањето на статусот овластен економски оператор домашните компании покрај поволностите за царинското подрачје на државава ќе имаат такви поволности и во сите учесници во ЦЕФТА со можност за поголемо користење на поедноставени царински поставки, приоритетен третман при спроведување на царинските контроли, намален број на  физички и документациски контроли од царинските служби, избор на местото на контрола, рече Танасовски, потенцирајќи дека овластениот економски оператор е додадената вреднсот што ја прави меѓународната трговија побезбедна, побрза и поефикасна.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.