Европа е еден од трите најдобри инвестициски региони

Во Велика Британија, во 2018 година се спроведени 1.054 инвестициски проекти, 1.027 во Франција, 1.073 во Германија, 973 во Шпанија, 314 во Белгија, 278 во Полска, 272 во Турција, 261 во Холандија, 229 во Русија, 211 и во Ирска 205.

Централна и Источна Европа е втор најатрактивен регион за странски директни инвестиции во светот, веднаш по Западна Европа, според студијата на компанијата „Ернст и Јанг“.

Странските директни инвестиции во Европа се намалија во 2018 година за првпат во изминатите шест години, и тоа за четири отсто, а беа спроведени 6.356 инвестициски проекти.

Европскиот БДП го забави својот раст на само 1,8 проценти минатата година, а инвестиции беа под влијание на странски фактори, како што се слабите американски инвестиции во Европа, забавување на економскиот раст во Кина и Јапонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.