Европа го мина прагот од 250.000 починати од Covid-19

Европа, соочена со вториот бран од пандемијата на коронавирусот, во неделата го мина прагот од 250.000 починати од компликации предизвикани од Covid-19.

Со повеќе од 8.000 починати во седум дена, Европа го забележа најцрниот седмичен биланс од средината на мај, додека многу европски земји се обидуваат да се заштитат со засилени санитарни мерки.

Во Европа се забележани вкупно 250.030 починати од Covid-19, на 7.366.028 заразени, според податоците кои ги сумирала AFP во неделата, од кои повеќе од две третини во Велика Британија каде има 43.646 почината и 722.409 заразени, во Италија со 36.543 починати и 414.241 зразени, во Шпанија со 33.775 починати и 936.560 заразени, во Франција со 33.392 починати и 866.197 заразени и во Русија со 24.187 починати и 1.399.334 заразени.

Последната европска земја која најави нови мерки во неделата е Швајцарија, која релативно беше поштедена во првиот бран на пандемијата во пролетта, сега се соочува со ескпоненционален раст на коронаинфекциите и до понеделник воведува задолжнително носење маски во затворени простории, на железничките станици, на аеродромите, на автобуските и трамвајските постојки, се ограничуваат собирањата на граѓаните и се препорачува работење од дома.

Со 1.822 починати од Covid-19 на своите 8,6 милиони жители, Швајцарија е европска земја во коај болеста најмногу напредувала оваа седмица, со плус 146 отсто, според податоците на агенцијата AFP.

Ширум континентот се воведуваа построги мерки,. Франција, која во сабота забележа рекордни над 32.000 нови случаи на заразата воведе полициски час од 21 часто навечер до 6 часот наутро во најмалку десет големи градови, меѓу кои е и престолнината Париз со предгрдијата. Вкупно со оваа мерка се опфатени околу 20 милиони жители, речиси третина од популацијата во земјата.

Велика Британија, најпогодената земја во Европа со најмалку 43.579 починати иако постои сомневање дека бројата е можеби за неколку десетици илјади и поголема, исто така, во саботата ги заостри мерките. Во Лондон и другите области главно во Англија, или за вкупно 11 милиони луѓе, забранети се собири во затворениот меѓу роднини и пријатели од различните домаќинства.

Во Германија која бележи дневни рекорди на новозаболените, канцеларката Ангела Меркел во саботата побара од сонародниците максимално да се воздражат од дружења и да останат дома.

Словачка планира да ги тестира на коронавирусот на целото свое насеелени повозрасно од десетгодишна возраст, обајви во саботата премиерот Игор Матович.

Во Словенија, каде од ден во ден растат бројките на новозаразените, епидемиолозите од саботата повеќе не ги бараат контактите на лицата кај кои тестирањето дало позитивен резултат, бидејќи се преоптоварени и поткапациноирани за тоа во оваа фаза од епидемијата.

Во Полска, главниот град Варшава и другите поголеми градови ги затворија средните училишта, го забранија венчавките и го ограничија бројот на лицата во продавниците, во јавниот сообраќај, а рестораните ќе работат до 21 часот.

Во Чешка, која има највисока стапка на зарази и починати на 100.000 жители во вториот бран од пандемијата, владата побара од војската да подигне полска болница со 500 кревети близу Прага.

Во Италија, која пролетта беше една од најпогодените земји во светот, во неделата забележа апсолутен рекорден број заразени на дневно ниво од почетокот од епидемијата од 11.705 луѓе, со уште 69 смртни исходи. Од саботата кафулињата и рестораните се затвораат во полноќ во најпогодениот регион Ломбардија. Италијанската влада во неделата одлучи да вложи дополнителни 39 милијарди евра во стопанаството.

 

Израел и Мелбурн ги олабавуваат мерките, нема промени во „тројката“ најпогодени

Во Израел, по еден месец од спроведувањата на мерките, детските јасли и градинки, националните паркови, плажите и компаниите со отвораат и сега Израелцита може да се оддалечат повеќе од еден километар од својите домови. Собирите, сепак, остануваат ограничени.

Пролетва Израл брзо ги укине рестриктивните мерки во желба да го заживее стопанството. Но земјата со 9 милиони жители во септември ја забелажа една од најсилните стапки на зараза на свеотот, кој од тогаш за четири пати се намалила. Според податоците на владата, севкупно се забележани над 302.800 заболени, од кои околу 2.200 починале.

Во Австралија, за петте жители на метрополата Мелбурн, вториот по големина во земјата, ограниченото движење на граѓаните на сила е веќе повеќе од 100 дена, а од неделата граѓаните ќе можат да излезат од домовите на подолго од два часа дневно и да се оддалечат од домовите најмногу до 25 километри. Од почетокот на епидемијата, Австралија со 25 милиони жители, имапотврдени околу 27.00 случаи и 904 починато.

Во светот починале најмалку 1.111.153 лица и повеќе од 39,7 милиони се заразени од почетокот на пандемијата, според податоците на AFP од неделата. Според пресметките, во оследното деноноќие починале најмалку 5.302 лица а забалежани се 372.882 новозаразени.

САД е најпогоденаа земја со најмалку 219.289 починати, следат Бразил со 153.675 и Индија со 114.031 починато