Европа го одбива, Австралија ‘сериозно го разгледува’ барањето на САД за коалицијата против Иран

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер (л) и шефот на допломатијата Мајк Помпео на прес конференција во Сиднеј

Американскиот државен секретар Мајк Помпео официјално во недалата побара од Австрија да им помогне на САД во спротиставувањето на Иран во поглед на поморската безбедност, но Камбера одговорила само дека тоа „сериозно ќе го разгледа“, пренесува агенцијата DPA.

„Се надеваме дека Австралија ќе биде наш партнер кога станува збор за некои од најважните надворешнополитички предизвици на нашето време, како што се напорите да се стабилизира Сирија, ослободување на Авганистан од тероророт и спротиставувње на непровоцираните напади на Исламската Република Иран на меѓународниот поморски сообраќај во Ормутскиот теснец“, изјави шефот на американската дипломатија, Мајк Помпео, за новинарите во Сиднеј.

Австралиската минситерка за одбрана, Линда Рејнолдс, рече дека секоја одлука ќе се темели на австралиските суверени интереси, како и дека засега сѐ уште не е донесена никаква одлука по ова прашање.

„Боарањето коешто го изнесоа Соединетите држави е многу сериозно, и затоа во моментов многу сериозно го разгледуваме. Никаква одлука не е донесена“, истакна Рејнолдс.

Двете страни, исто така, го изразиле јакнењето на кинеското влијание во Јужбното Кинеско Море, но Австралија изразила претпазливост кога станува збор за интензивирање на конфронтациите. Американскиот министер за одбрана Марк Еспер рече дека САД ќе ги консултираат сојузниците во Европа и Азоско-пацифичкиот регион во врска со распоредувањето на новото конвеционално оружје откако Вашингтон истапи од Договорот за елиминирање на проектилите со кус и среден дострел (INF) со Русија.

Австралиската министерка за надворешни работи Марис Пејн го избегна одговорот на прашањето дали Австрија ќе прими такво вооруќување, велејќи дека Кина е клучен австралиски партнер.

САД имаат проблеми со формирањето меѓународна коалиција во Персискиот залив, којашто наводно би ги штитела трговските бродови во Ормутскиот теснец, бидејќи сојузниците стравуваат дека ќе бидат вовлечени во воен судир со Иран. Вашингтон го изнесоа овој предлог во јуни, по инцидентите на неколку арапски танкери во Заливот, за што го обвини Техеран кој решително ги отфрла ваквите обвинувања без понудени докази. Замислата е секоја земја да осигури воена придружба за трговските бродови со поддршка на американската армија, којашто би го обезбедувала воздушниот надзор над ова подрачје и би командувала со операцијата.

Европјеците оваа понуда ја одбија, противејќи се на американската политика на „максимален притисок“ врз Иран, бидејќи сакаат да го сочуваат нуклеарниот договор склучен со Техеран во 2015 година, од кој САД еднострано истапија во мај 2018 година. Помпео, меѓутоа, е убеден дека коалицијата ќе биде формирана.

„Не треба да се верува во она што го пренесуваат медиумите. Се водат многу разговори, со сите земји, како што е Австралија. Сите ова барање го сфаќаат многу сериозно. Убеден сум дека ќе имаме светска коалиција“, рекол Помпео, кого го цитира AFP.

Американскиот министер за одбрана Еспер принза дека одговорите на сојузниците се „шаренолики“ и вети нови информации „во деновите кои следат“.

„Целта останува иста, без разлика дали станува збор за операција под американска команда или да ја води некој друг, некои европско партнерство. Двата начина имаат иста цел: единство на напорите за да се осигури слободна пловидба“, рекол Еспер навестувајќи дека Вашингтон може да отстапи од идејата да командува со оваа операција.

Франција, Германија и Велика Британија сакаат да ги „координираат“ своите сили и да „споделуваат информации“ во Персискиот залив, за да ја зајакнат поморската безбедност, но без испраќање дополнителни сили, изјави француската министерка за одбрана, Флоранс Парли.

Истовремено ирански генерал во неделата оцени дека опасноста од избувнување судир во Персискиот залив се намалил. Но набрзо потоа беше објавено дека Иран запленил уште еден странски танкер кој е осомничен дека шверцувал нафта за некои арапски земји. Минатиот месец Иран заплени британски танкер во Ормутскиот теснец, обвинувајќи го за нарушување на поморските прописи, откако претходно британските командоси запленија ирнаски супертанкер кај Гибралтар под сомнение дека превезувал нафта во полза на Сирија која е под санкции.

„На прв поглед, може да излгеда дека ситуацијата во Персискиот залив се движи кон воени судир, но доколку подобро се погледа, гледаме дека веројатноста за таков судир е сѐпомала. Сите земји кои имаат интереси во регионот не сакаат во ниеден случај нова криза на Блискиот исток“, истајнува генералот Ахмад Реза Пурдстан, во разговорот што го пренесе иранската новинска агенција Mehr.