Европа и натаму на ударот од коронавирусот, се влoшува состојбата во Швајцарија

Европа и натаму е на ударот на коронавирусот, а според највновите информации значително се влошува ситуацијата во Швајцарија во која се регистрирани 6.100 случаи на зараза, околу 25 отсто во однос на петокот, и 56 смртни исходи.

Швајцарското министерство за здравство во петокот соопшти дека особено е сериозна ситуацијата во кантонот Тичино на границата со Италија, земја којаште во моментов е најголемото жариште на пандемијата предизвијата со коронавирусто Covid-19.

„Состојбата во Тичино е многу напната“, изјави шефот на Сојузното биро за здравство, Даниел Кох. Податоците укажуваат дека во еден ден се пријавени повеќе од 1.200 случаи на зараза, додек бројот на смртните случаи од петокот се зголемил за 13.

Швајцарската војска во петокот во Тичини доставила околу 50 дополнителни респиратори, а агенцијата Reuters исакнува дека на сцена е глобална трка на земјите кои настојуваат да обезбедуваат што повеќе апарати за одржување во живот на критично болните пациенти.

Во Данска бројот на заразените во последното деноноќие се зголемил за 71, на 1.326 лица, соопшти во саботаа Управата за безбедност на пациентите. Хоспитализирани се 206 заразени, од кои 42 се на одделите за интензвина грижа, а 13 пациенти починале.

Управата прдупредува дека бројот на инфицираните може да биде и поголем во реалноста, бидејќи властите ги бележа податоците само за заразените кои се во болниците и чие здравје е видливо нарушено. Според процените на Управата, пролетва во Данска би можело да се разболат од Covid-19 do 580.000 луѓе.

Шведска во саботата бележи вкуоно 1.746 заболени, односно 123 повеќе од ден претходно. Според тамошното министерство за здравство, досега на болеста ѝ подлегнале 20 лица, а 43 се наоѓаат на инензвина терапија, и нивната средна возрат е 63 години. И во Шведска се смета дека бројот на заразените е далеку поголем, бидејќи се тестираат само пациентите во болнциите.

Покрај во поголемите градови, шведското министерство забележало ширење на заразата и во внатрешноста на земјата, па се препорачува да не се патува од регион во регион без особена потреба. Од 19-ти март шведските граници се затворени за граѓани надвор од ЕУ, а забрането е собирање на повеќе од 500 лица. Властите препорачуваат настава на оддалеченост, но детските градинки, основните и средните училишта сѐ уште работат.

Бројот на заразените со короанвирус во Унгарија се зголеми на 103 лица, од кои седум веќе оздравиле, а четворица починале, соопшти во саботата владата на својата интернет страница. Властеи претходно за справување со вирусот воведоа низа мерки, како забрана за масвони собирње, затворање на гранциите, ограничување на работата на локалите и воведување вонредна состојба во земјата.

За намалување на негативните влијанија врз унгарската економија, владата на премеирот Виктор Орбан објави мораториум на исплатата на кредитите до крајот на годината и ги ослободи од плажањето придонеси на платите за компаниите од услужните дејности.

Во Австрија до 15 часот во саботата, според министерството за здравство, регистриран е раст од 2.664 на 2.814 заразени. Девет лица досега оздравеле, а осум починале. Австирските власти од 13-ти март воведоа ограничувања за социјалните конакти: масовно настани, спортски настани, затворени се образовните институции, како и култруните објекти, продавниците, рестораните, кафулињата и ноќните клубови. Исклучок се продавнции за основни продукти, аптеки, банки, пошти, бензински црпки итн. На Австријците им е наложено да останат во самоизолација, а домовите може да ги напуштаат само за снабдување со лекови, храна или при помош на лица на кои им е потребна туѓа нега.

Бројот на заразените во Холандија се зголеми за 637 случаи и во моментов се запре на бројката од 3.631 забоелн, објавија здравствените власти. Наведуваат и дека има нови 30 смртни слуичаи, па вкупниот број жртви на коронавирусот во оваа земја се искачи на 136. Жртвите биле на возраст меѓу 63 и 95 години.

Во Португалија од Covid-19 до саботата починаа 12 лица, двојно повеќе отколку само ден претходно, а бројот на заразените од 1.059 во петокот се зголеми на 1.280 во саботата. Според здравствените власти 35 лица се на интензивна нега. Португалија во средата прогласи вонредна стотојба за да го сопре ширењето на вирусот.

Финскиот Институт за здравје и социјална грижа во саботата го потврди првиот смртен случај од коронавирусот, а станува збор за повозрасно лице во Хелсинки. „За жал, Финска го има првиот смртен случај од коронавирусот, но тоа не е изненадување“, се наведува во соопштението на Институтот. Севкупниот број заразени во оваа земја во саботата се искачи на 521 пациент.

Франција во саботата се подготвува за воведување уште построги мерки за да одговори на непослушноста на граѓаните во врска со излегувањата од нивните домови. Во Ница вечерва од 23 часот стапува на сила целосна забрана за излегување од домовите во текот на ноќта. Таа мерка во петокот веќе ја воведоа општините Валори и Ментон,

Ограничувањето на движењето е построго и во главниот град Париз, а се надгледуваат и железничките станции, а зелените површини на Еспленада де Ивалид и Шанзализе, кај Ајфеловата кула може да ги користат само минувачите без задржување.

Во Франција во моментов има 12.612 заразени лица, од кои 450 починале.

На целата територија на Франција во вторникот започна карантин на населениото по налог на владата со цел да се спречи ширењето на вирусот, а таквата мерка никогаш досега не била воведена во земјата. Околу 67 милиони Французи во следните две седмици не треба да излегуваат од своите домовои, освен во вонредни прилики за набавка на храна или од здравствени причини. Француските медиуми наведуваат дека постои можност карантинот да биде продолжен за уште еден месец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.