Европа ита пред ембаргото да ги наполни складиштата со руски дизел

Европските трговци брзаат да ги наполнат складиштата на континентот со руски дизел пред во февруари следната година да стапи на сила ембаргото на Европската унија на увозот на нафтените деривати од Русија, но алтернативните набавки и натаму се ограничени, оценуваат аналитичарите.

На почетокот од декември стапува ембаргото на ЕУ на увозот на руската нафта, а од 5-ти февруари и ембаргото на увозот на дериватите. Земјите членки на ЕУ и целиот континент повеќето од потребите од дизел горива ги намирува со увоз од Русија.

Испораките со руски дизел кои би требало да бидат складирани во регионот Амстердам-Ротердам-Антверпен, позната како ARA, повеќе од двојно се зголемени во периодот од 1-ви до 12-ти ноември во однос на октомври, вели Памела Мангер од компанијата за енергетска аналитика „Vortex“.

Имајќи предвид дека Европа краткорочно располага само со малобројни исплатливи алтернативи извори за набавка на енергенсите, дизелот од Русија во ноември сочинувал 44 отсто од вкупниот европски увоз, во однос на 39 отсто во октомври, покажуваат податоците на другата компанија за аналитика „Refinitiv“.

Русија, исто така, сѐ уште е најголем добавувач на дизел во Европа, иако нејзиниот удел во однос на периодот пред почетокот на руската офанзива во Украина, кога сочинуваше повеќе од половината од европскиот увоз.

„ЕУ ќе мора да осигури околу 500 до 600 илјади барели дизел дневно, за да го замени обемот на увозот од Русија, а замената ќе стаса од САД и од областа источно од Суец, првенствено од Блискиот исток и од Индија“ каде всушност се обработуваат и големи количества руска нафта, вели Еуген Линдел од FGE.

Руското гасно масло на патот кон регионот ARA веројатно ќе биде брзо потрошено, односно продадено имајќи предвид дека неговите цени во терминските договори со покуси рокови на испорака на лондонската берза ICE повисоки отколку во оние со подолги рокови на испорака, преценува Ларс ван Вегенинген од „Insights Global“.

Побарувачката пораснала и поради тоа што ICE Futures Europe пред стапувањето на сила на ембаргото на ЕУ ќе го забрани руското гасно масло со низок удел на сумпор. Од 30-ти ноември трговците на ICE ќе мора да му докажат дека ниеден руски производ не влегол во ниеден резервоар во поширокиот регион на ARA, вклучително о во Флушинг и Фент коишто ќе бидат користени за испораките во јануари врз основа на терминските договори на ICE.

Складиштата во ARA ќе примаат руско гасно масло и во декември, но тоа ќе мора да биде преместено во други складишта од кои нема може да се испорачува, според објавата од ICE.

Некои учесници на пазарите проценуваат дека забраната на ICE нема во поголема мера да влијае врз пазарот, имајќи ги предвид претежно ниските нивоа на резервите од гасното масло и на континуираниот пад на испораките. Во јануари годинава преку веб-страницата на ICE биле испорачани 70.000 тони гасно масло, наведува Reuters.