Европа мора да ја намали зависноста од руски гас

Европа би требало да ја намали зависноста од рускиот гас и да ги прошири изворите на енергија, рече американскиот секретар за енергетика, Рик Пери на бизнис-самитот „иницијатива три мориња“ во Букурешт.

Пери истакна дека зависноста на Европа од рускиот гас минатата година се зголемила на 40 отсто од 30 отсто, што, според него, е причина за загриженост, објави АП.

Секретарот за енергетика вели дека енергетската безбедност е еднакво на прашањето за националната безбедност и тврди дека земјите од Централна и Источна Европа се соочуваат со „предизвици бидејќи има само еден снабдувач на гас, но исто така и поради агресивното позиционирање на Русија”.

Како алтернативни извори на енергија, Пери наведе еден нуклеарен проект во Чешка и подводни дупчење на нафта и гас во Црното Море.