Европа мора да купува иранска нафта

Иранскиот врховен лидер вели дека Европа мора да надомести за сите негативни ефекти што американскиот повлекувањето од нуклеарниот договор би можело да го има врз нејзината економија и да не се обидува да ги вклучи во договорот неговата програма за балистички ракети и регионалната политика, пренесува „Раша тудеј“.

Ајатолахот Али Хаменеи ја презентираше листата условите под кои Иран ќе остане во нуклеарниот договор во средата. Во говор пред владините претставници, Хаменеи наведе серија барања што Франција, Велика Британија и Германија мора да ги исполнат ако не сакаат Иран да ја рестартира својата нуклеарна програма која беше прекината со договорот во 2015 година.

Додека европските земји кои се страна во клучниот договор го критикуваа излезот на САД и ветија дека ќе се придржуваат до договорот, Хаменеи тврди дека зборовите не се доволни и дека Европа треба и формално да ја осуди одлуката на САД во ОН.

Во изминатите две години, САД повеќепати го прекршија договорот, а Европа молчеше. Европа мора да ја надомести таа тишина , рече Хаменеи, повикувајќи ја Европа експлицитно да се спротивстави на санкциите на САД.

Иако Иран тврди дека не бара кавга со Европа, Хаменеи истакна дека овие три земји докажаа оти за најчувствителните прашања ги следат САД.

Едно од клучните барања на Хаменеи е Европа да осигура дека иранската програма за балистички ракети и нејзините акции во регионот нема да бидат дел од какви било идни преговори.  Иранскиот развој на балистички ракети беше главна причина за загриженост на Вашингтон  и САД го обвинуваат Иран за кршење на духот на договорот, додека Иран инсистира дека програмата е строго дефанзивна. За да се компензираат економските загуби што ќе ги претрпи Иран со обновувањето на санкциите од САД, Европа мора да ги гарантира иранските приходи од нафта.

Европа мора да гарантира дека иранската нафта ќе биде целосно продадена. Ако САД можат да ѝ наштетат на продажбата на нашата нафта, мора да бидеме во можност да продадеме колку што сакаме. Европејците мора да гарантираат дека ни ќе ја надоместат загубата и дека купуваат нафта од Иран , рече Камнеи.

Иран сака да добие јасни гаранции од Европа дека ќе продолжи со бизнисот со Техеран, рече Хаменеи, додавајќи дека устните гаранции нема да бидат доволни и дека гаранциите мора да бидат обезбедени од европските банки.

Ние немаме проблем со овие три земји, но не им веруваме врз основа на претходното искуство , рече тој.

Во случај Европа да ги отфрли барањата, Иран го задржува правото да ја продолжи својата нуклеарна програма, посочи Хаменеи, додавајќи дека откако нуклеарниот договор ќе стане бескорисен за Иран, можниот чекор напред е да ги рестартираат тие прекинати активности.

Иранскиот ултиматум доаѓа само три дена откако американскиот државен секретар Мајк Помпео постави 12 основни барања за Иран, почнувајќи од повлекување од Сирија до намалување на поддршката на Хутите во Јемен и н Хезболах, заканувајќи му се на Иран со најстроги санкции во историјата. Иран го отфрли планот, а и ЕУ го критикуваше американскиот пристап кон иранскиот проблем, тврдејќи дека тој не помага за продолжување на разговорите со Иран на теми кои не се опфатени со нуклеарниот договор.