Европа на пресвртница поради растот на бројот на заразените со коронавирусот

Европа во моментов се наоѓа на пресвртница во борбата со коронавирусот поради растот на бројот на заразените, почетокот на училишната година и доѓањето на есента, предупред во вторникот челникот на Светската здравствена организација (СЗО – WHO).

„Време е да го прекинеме ловот на фатаморгана и да донесеме тешки одлуки за да ги заштитеме најранливите и да овозможиме децата да одат на училиште, па и по цена на неизбежните жртви“, изјави директорот за кризни ситауции на СЗО, Мајкл Рајан.

„Во Европа луѓето наскоро ќе започнат да се враќаат во затворените простори. Инфекцискиот притисок ќе се зајакнува“, посочи Рајан на виртуелната прес-конференција доцна вечерта.

Истакна дека мора да бидат направени отстапки за младите и постарите да учествуваат во општествениот живот.

Прес-конференцијата беше посветена на враќањето на децата во училишните клупи, а на неа учествуваа покрај претставниците на СЗО, и претставници Организацијата за образование, наука и култура на ОН (УНЕСКО) и на Фондот за деца на ОН (УНИЦЕФ).

„Единствен начин е возрасните да одржуваат доволно растојание и така да помогнат да се намали бројот на заразените. Што е поважно: враќањето на нашите деца на училиште или отворањето на ноќните клубови и барови?“, запраша Рајан.

Марија Ван Керков, задолжена во СЗО за управување со пандемијата на коронавирусот, оцени дека порастот на бројот на заразените во Европа може да се припише на зголеменото тестирања и следење.

Меѓутоа, предупреди, „болеста досега некаде достигна повисоко ниво отколку што беше во април и во мај. „Овој загрижувачки тренд можеме со сигурност да го потврдиме“, изјави Ван Керков.

Рајан и Ван Керков го обавија ажурираниот водич за здравствените мерки за сузбивање на коронавирусот во училиштата.

„Не постои нулата стапка на опасност“, истакна генереланиот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

„По деветмесечната криза имаме појасна слика за тоа како новиот короанвирус делува на децата, иако за многу прашања сѐ уште немаме одговор. Училиштата не треба да се затвораат, освен во краен случај, во подрачјата каде што коронавирусот остро се шири“, оцени Тедрос.

Уделот на помладите од 20 години во вкупниот број заразени со коронавирусот во светот е помал од 10 отсто, а меѓу починатите е помал од 0,2 отсто.

Директорката на УНЕСКО, Одри Азулеи, истакна дека половина од децата на училишна возраст во светот сѐ уште не се вратиле во училишните клупи, како и дека 11 милиони девојчиња можеби воопшто нема да се вратат на училиште.