Европа не се откажува – на сите по 500 евра

Во многу земји во Европа, вклучително и во Хрватска, во моментов има дефлација, а не инфлација – што може да биде многу опасно на долг рок, пренесува Independent.

Тоа може да пиде опасно како по цените на стоките и услугите, а работодавците можат да си дозволат да се одржат платите во исто ниво, но неуспехот се јавува по намалувањето на платите, што ја води економијата во понатамошен колапс.

Единствено решение за проблемот на дефлација се „пари од хеликоптери“, концепт кој за прв пат беше понуден од економистот Милтон Фридман во 1969 година. Според Фридман, централната банка секогаш може да задржи здрав раст на понудата на пари, бидејќи секогаш има на располагање можност да печати банкноти и да „фрла пари од хеликоптери за гладната економија“.

Постојат неколку модели за користење на тие пари, од кои еден е наједноставен и опфаќа рамноправна поделба на фиксен износ на пари за сите граѓани, како што се 500 евра за сите во ЕУ.

Идејата повторно се актуелизираше пред два дена со Лорд Адер Тарнер, поранешен шеф на британскиот Институт за финансиски услуги на конференцијата во Лондон за финансиска трансформација.

Ние сме во таква длабока дефлациска стапка, така што треба да почнеме да размислуваме за пари од хеликоптер, рече тој.

Шефот на Европската централна банка Марио Драги пред два месеца самиот изрази интерес за идејата на пари од хеликоптер, кој тој го нарекува „интересен концепт“.

Сепак, економистите предупредуваат дека тоа не е решение за сите проблеми, но потенцијален дел од поголем план за заживување на проблематичната економија.

Ние не веруваме дека ова е луда идеја, но тоа не е лек за сите болести, рече Адер.

Ни треба како дел од кутијата со алати. Откако ќе го имаме во кутија, треба да го користиме внимателно, но не може да сметаме дека е неприфатливо, додаде тој.