Европа планира да изгради нова балканска енергетска рута

Европа инвестира 240 милијарди евра во електропреносната мрежа, со планови за изградба на нова мрежа кон Србија и Босна и Херцеговина, а адути на Хрватска се интерконекциите Ернестиново-Сомбор и Лика-Бањалука, пишува денеска Јутарњи лист.

Во продолжение на подготовките за целосно отфрлање на рускиот гас од сопствените енергетски потреби, Европската унија планира да го зголеми капацитетот на својата електропреносна мрежа до 2040 година преку 141 инвестиција со вкупна проценета вредност од 240 милијарди евра, со помош на земјите кои моментално не се нејзини членови.

Според планот на Европската асоцијација на оператори на преносни мрежи (ENTSO-E), капацитетот на далноводи, кабли и друга опрема за пренос на електрична енергија низ Стариот континент би се зголемил за 142 гигавати електрична енергија, за 43.000 нови километри од мрежата, со 1,6 милиони нови работни места како еден од резултатите од тие инвестиции.

Идејата на европските оператори за пренос на електрична енергија, чиј план наречен TYNDP 2022 беше ставен на јавна дискусија во понеделникот, е брзо да ги поврзат растечките извори на производство на електрична енергија од сонцето и ветерот со мрежата и на тој начин да го заменат гасот како гориво во производството на електрична енергија, но и како извор на греење.

Тоа значи дека TYNDP е исто така дел од големиот Европски зелен план со цел да се намалат емисиите на јаглерод диоксид за 14 метрички тони годишно до 2030 година преку зајакнување на мрежата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.