„Европа“ прокнижи добивка од над 400 илјади евра

111

Фабриката за кондиторски производи „Европа“ во текот на изминатата 2013-та година оствари нето добивка од 24 милиони 633 илјади и 235 денари или 400.540 евра, стои во Образложението на Билансот на успех, објавен на Македонска берза.

„Во текот на 2013-та година е остварена нето добивка во износ од 24.633.235 денари или 400.540 евра и е намалена за 36,5 отсто во однос на нето добивката од 2012-та година“, стои во Образложението.

Вкупните приходи на „Европа“ остварени во 2013-та година се 764 милиони 864 илјади и 454 денари и се намалени за еден отсто во споредба со 2012-та година.

Намалувањето на приходите, како што се наведува, произлегува од намалувањето на останатите приходи за 52 отсто.

Приходите од продажба на готови производи на домашен пазар е зголемена за 13, додека приходите од странски пазар се намалени за три отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.