Европа се уште се бори со поплавите, досега 18 мртви лица

Најмалку 18 лица загинаа во поплавите, кои по обилните дождови ги погодија Германија, Франција, Белгија и Романија, а во источниот дел на Франција се предвидува ново невреме.

Франција ја погодија најобилни поплави во последните три децении, што предизвика изливање на Сена.

Францускиот претседател Франсоа Оланд најави дека на утрешниот состанок, на кој ќе претседава премиерот Мануел Валс, ќе бидат проценети штетите од поплавите, пренесува МИА.

– Во Германија поради најавеното невреме е откажан третиот и последен ден од популарниот фестивал на рок музика „Рок ам Ринг“, откако во саботата од удар на гром се погодени 80 луѓе, сопштија организаторите на фестивалот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.