Европа смета дека хибридниот режим на власт нема демократски капацитет, се навестуваат предвремени избори

Ако ги согледаме сите овие шлаканици кои ги доби овој тоталитарен и хибриден режим, мириса на предвремени парламентарни избори, вели Тони Михајловски за „Што не е јасно“ на Алфа Телевизија.

Според Михајловски, Европа цени дека нема демократски капацитет на оваа влада, а тоа е основната водилка на европската заедница и меѓународната дека ако ги кршите демократските правила тога сте непријател.

„Сѐ повеќе сериозни институции и личности ја критикуваат оваа лажлива влада, укажуваат на нејзината неспособност, криминал, корупција, на лошото работење, се она што не носи во бездна на крајот на краиштата и тоа значи дека крајно време е да си замине оваа власт. Се води кон предвремени парламентарни избори заедно со локалните“, потенцира Михајловски.

Истакна дека по овие шлаканици од светските институции за власта, дури и ткн „шарени револуционери“ кои беа гласни против власта на ВМРО-ДПМНЕ, сега се каат и сѐ повеќе ѝ го вртат грбот на Владата на СДСМ и се приклучуваат на таа линија дека нешто не е во ред со актуелната власт и дека таа мора да замине.

„Сепак, најголемата шлаканица што ќе ги заболи е шлаканицата од народот, кој ќе ги казни на избори, за цело ова антидржавно и криминално владеење“, нагласи Михајловски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.