Европа зависноста од рускиот гас ја смени со зависноста од американскиот LNG, рече Песков

Европа своите изјави дека во ситуацијата со гасот сака да се ослободи од „зависноста од Русија“, не ги довршува дека всушност ја менува зависноста за американскиот течен природен гас LNG, и додека европските земји губат милијарди, САД ги заработуваат, посочи во неделата портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Земјите членки на Европската унија одржаа во саботата итен состанок во обидот да договорат горна граница на рускиот гас во пресрет на состанокот на министрите за енергетика во вторник, но според најавите се чини дека уште има големи разидување меѓу нив.

„Наспроти тежнеењето во заднината на едно апсурдно посакување, апсолутно избезумени, Европејците, како што велат, ‘да се отарасат од зависноста од Русија’. Но истовремено не кажуваат дека сакаат една зависност да ја заменат со друга“, рече Песков во настап за телевизијата Россия 1.

Всушност, како што вели портпаролот на Кремљ, Европа сега својата зависност од рускиот гас само ја зависност од американскиот течен гас.

Односно, вистината е дека потполно истата зависност продолжува само со „помал реципроцитет“, оценува Песков.

„И во моментов, кога Европејците губат милијарди евра, тие милијарди ги заработуваат во Вашингтон во долари“, заклучи Песков.

Кон крајот на ноември повеќе европски функционери преку медиумите го изразија своето незадоволство од тоа што обидувајќи се да ја намалат својата зависност од руските енергенси, земјите од ЕУ се свртија кон течниот гас од шкрилци (LNG) од САД, но цените коишто Европејците ги плаќаат се речиси четири пати повисоки од цената на енергенсот на американскиот континент, за што уште во октомври остро реагираа во Берлин.

„САД ни го продаваат својот гас четири пати поскапо кога ќе мине Атлантскиот Океан. Се разбира, Американците се наши сојузници.. но кога нешто ќе тргне наопаку, неопходно е и меѓу сојузниците да се зборува за тоа“, изјави пред две седмици за француската јавна телевизија еврокомесарот за внатрешниот пазар на ЕУ, Тиери Бретон.

.