Европа вознемирена од амбасадорот на САД во Берлин кој најавува поддршка за конзервативците

Новиот амбасадор на САД во Германија, Ричард Гренел повторно ја изненади јавноста со истап кој се оценува за крајно недипломатски порачуајќи во понеделникот преко американскиот десноориентиран интернет портал Bretbart дека неговата цел е јакнење на конзервативните сили во Европа.

„Мојата цел се јакнењето на конзервативните сили во Европа и на нивните лидери“, вели американскиот амбасадор Ричард Гранел. Според него, конзервативнтие сили во Европа се наоѓаат во „фаза на залет“ по „пропаднатите политики на левите сили“.

„Изборот на Доналд Трамп ги зајакна и оние сили кои велат дека на политичката класа не смее однапред да ѝ биде овозможено уште пред изборите да одредуваат кој ќе се кандидира и кој ќе победи“, вели уште амбасадорот на САД во Германија.

Гренел тврди дека „големо мнозинство“ граѓани ги поддржуваат политичарите коишто „систамски конзервативно“ се изјаснуваат по прашањата за имиграцијата, даноците и бирократијата.

Иако според дипломатската практика амбасадорите на една земја по правило отворено не се изјаснуваат за политичките насоки и исто така не се мешаат во актуелни политички настани во една земја, освен дипломатите од Западот се разбира кога станува збор за источните земји вклучително и Македонија, Гренел, кој пред дипломатскиот ангажман работел како пиар ескперт, уште првиот дел од должноста во Берлин веднаш по објавувањето на претседателот Доналд Трамп за истапувањето на САД од нуклеарниот договор со Иран, ја изненади германската јавноста порачувајќи им на тамошните претприемачи „да се држат понастрана“ од Иран, имајќи го предвид повторното воведување на американските економски и финансиски санкции за оваа земја.

Во истото интервју за изданието Breitbart, Гренел изразува одушевување од младиот конзервативен австриски канцелар Себастијан Курц. Американскиот амбасадор, Курц, кој доаѓа од Народната партија на Австрија (ÖVP) а е во влада со Слободарската партија на Австрија (FPÖ), го изедначи со „рок ѕвезда“. „Јас сум негов голем поклоник“, вели американскиот амбасадор.

Австрискиот канцелар Курц и германската канцеларка Ангела Меркел, инаку, се разидуваат во неколку прашања, при што најголемите разлики се кога станува збор за политиките кон миграцијата и барателите на азил.