Европа зафатена од големи горештини кои ќе се зголемуваат

Топлотниот удар кој зафати голем дел од Еропа во средата уште повеќе ќе се влошува, темепратурите ќе бидат повисоки од 40 Целзиусови степени во Франција и Шпанија, а кулминацијата на горештините ќе очекува во четврток и петок.

Шпанската метеоролошка агенција Aemet во средата прогласи портокалов степен на опасност за петте северни покраини. Во долната на реката Ебро се очекуваат 42 Целзиусови степени. Портокаловата опасност во четвртокот ќе биде проширена на десет покраини во централниот дел на земјаа и на североистокот. Шпанската јавна телевизија TVE ги предупредува граѓаните на „пеколна седмица“.

Во Франција, пак, температурите во средата уште ќе се зголемат и се движат максимално меѓу 35 и 39 Целзиусови степени во две третини од земјата, особено на југот и истокот. Агенцијата Meteo France оценува дека станува збор за „епизода без преседан според интензитетот и предвременоста од 1947 година“. Се очекува дека би можело да бидат урнати досегашните рекорди за јуни. Во Франција, на пример, во топлотниот бран од 2003 година од последици од горештините починаа 15.000 луѓе.

Ниту Германија не е поштедена од горештините и температурите би можеле да дистигнат до 39 Целзиусови степени на југозападот од земјата, како и во Бранденбург, регион кој го опкружува главниот град Берлин, каде што шумскиот пожар од понеделникот проголта повеќе од 100 хектари. Иако рекордните 40,3 степени измерени во едно гратче во Баварија во август 2015 година не би требало да бидат надминати, горештините би можеле да бидат полоши од оние во 1947 година кога е постигнат рекордот за јуни, сметаат експертите.

Во австриски Инсбрук во вторникот пред топлотниот удар биле измерени високи 36,7 Целзиусови степени. Во швајцарска Женева би требало да бидат измерени повеќе од 35 степени поради што откажана е традиционалната поворка за Денот на училиштето која беше предвидена за средата. Училиштата поради горештините ќе бидат затворени и во Луксембург.

Погодена е и источна Европа, а особено силни бури се очекуваат во Литванија. Во оваа земја досега во јуни се удавиле најмалку 27 луѓе, а температурите достигнаа рекордни 35,7 Целиусови степени.

Бранот горештини кој пристигна од Сахара, што не е запаметен во јуни, во четврокот и петокот би требало да се влошува. Ноќите, исто така, се многу топли во однос на вообичаениот период од годината.

„Светските температури растат поради климатските промени и со нив веројатноста од бранови на екстремни горештини“, коменрира Лен Шефри, професор по климатологија на Универзитетот Рединг.