Европејците сѐ потешко врзуваа крај со крај – Eurostat

Сѐ повеќе Европејци тешко врзуваат крај со крај поради растот на цените кои им ги подјадуваат примањата, се истакнува во извештајот на европската статистичка агенција објавени во понеделникот.

Уделот на граѓаните кои тешко ги покриваат основните трошоци се зголемил во вториот квартал годинава во однос на претходните три месеца во осум од десет земји на Европската унија опфатени со истражувањето, наведуваат од Eurostat.

Намален е само во Словенија и во Финска.

Податоците на Eurostat му го доставиле Австрија, Белгија, Бугарија, Ирска, Италија, Луксембург, Словачка, Словенија, Финска и Франција.

Најтешко во второто тримесечје годинава, според податоците кои му биле достапни на Eurostat, било во Бугарија каде што дури 39,8 отсто од испитаниците многу тешко или тешко врзувале крај со крај во месецот.

Во групата земји со повеќе од 20 отсто од испитаниците кои тешко ги покриваат основните животни трошоци се и Словачка, Италија и Франција.

Најмал уделот на таквите испитаници бил во Финска, каде што изнесувал 11 отсто. Истражувањето покажало и дека дури 40,5 отсто од Финците многу лесно или лесно ги покриваат основните трошоци.

Следат Австрија и Франција каде малку помалку од четвртина од испитаниците немале проблем со финансирање на основите потреби. Најмал нивниот удел бил во Бугарија, каде што изнесувал малку над 3 отсто.

Уделот на жителите во поволна финансиска позиција биле во девет земји помал во вториот квартал отколку на почетокот од годинава, а во Италија бил речиси непроменет. Најмногу се намалил во Словени и во Австрија, за 4,4 односно а 4 процентни поени.

Повеќето од испитаниците навеле дека нивните приходи во следениот период биле непроменети или дури се зголемиле, напомнуваат од Eurostat.