Европол ги предупредува земјите од лажни, неупотребливи средства за заштита од Ковид-19

Европол во интерен полициски документ ги предпредува земјите-членки дека на пазарот се појавени лажни, неупотребливи средства за заштита од новиот коронавирус.

Во документот, кој го објави германскиот весник „Шпигел“ се наведува дека криминалци им нудат на државните институции и болници фалсификувани тестотви за Ковид-19, целосно несигурни и неупотребливи заштитини маски и дезинфекциски средства.

Според весникот, германските власти веќе регистрирале пораст на кривични дела од такви измами.

Европол наведува дека такви измами ќе има и откако ќе биде пронајдена вакцина против новиот коронавирус.

– Тоа сигурно ќе предизвика бран на понуди од лажни вакцини, се наведува во документот на Европол.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.