Европратеничката Каили признала соучесништво на татко ѝ во корупцискиот скандал

Потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили

Поранешната потпретседателка на Европскиот парламент Ева Каили дала делумно признание дека побарала од нејзиниот татко Александрос Кајилис да сокрие значителна сума пари во нејзиниот дом, пренесува во вторникот весникот France soir прецизирајќи дека грчка пратеничка на редовите на европските социјалисти и демократи од 9-ти декември се наоѓа во женскиот оддел на затворот во белгискиот град Харен обвинета за корупција во врска со штотуку завршеното Светско фудбалско првенство во Катар.

„Обвинетата признава дека му наложила на нејзиниот татко да ги сокрие парите“, цитира весникот фрагмент од налогот за нејзино апсење сочинет од истражниот судија Мишел Клез.

Ева Каили ќе биде изведена првпат пред белгискиот суд во четврток 22-ри декември.

Изворот на France soir изјавил дека Александрос Каилис бил приведен истиот ден кога била спроведена големата антикорупциска акција на белгиската полиција откако бил откриен дека се крие во бриселскиот хотел „Sofitel“ полн со готовина.

Белгиската полиција во претресите на 9-ти декември на повеќе од 16 локации при што се запленети над 600.000 евра во готовина, како и многу компјутери и мобилни телефоните. Меѓу уапсените е и социјалистичката пратеничка Каили, а сите се обвинети за учество во криминална организација, перење пари и корупција. Белгиското обвинителство соопшти дека со месеци имале сомневање и следела дека една земја од Персискиот залив се обидува да влијае врз носењето одлуки во Брисел. Каили негираше дека земала пари од Катар, соопшти минатата седмица еден од нејзините адвокати во Грција.

Европската полициска агенција (Europol) во понеделникот се вклучи во истрагата на корупцискиот скандал кој силно ја затресе Европската унија, се додава во извештајот France soir, пружајќи техничка и поддршка во персонал. Белгиското федерално обвинителство истовремено ја потврдило и поддршката на Europol во соработката со правосудните органи во спроведувањето претреси во Италија во врска со истиот случај.

Меѓу осомничените има доста Италијанци, и сегашни и поранешни европратеници. Истражителите му припишуваат клучна улога во организирањето контакти на Антонио Панцери, кој беше европски заменик од 2004 до 2019 година. Прво беше избран од коалицијата на левиот центар, а потоа и од Демократската партија.

Корупцискиот скандал на ЕП беше обелоденет на 9-ти декември, кога белгиската полиција спроведе десетици претреси во Брисел и уапси четири лица, меѓу кои Каили. Белгиското обвинителство соопшти дека сите обвинети во истрагата „се осомничени дека исплаќале големи суми пари или нуделе скапи подароци на трети лица кои имаат политичка и/или стратешка позиција што им овозможува да влијаат врз одлуките на Европскиот парламент“. Целта била да се подобри имиџот на Катар во ЕУ пред Светското првенство во фудбал во 2022 година, но од Доха инсистираат дека немаат никаква вмешаност во скандалот.