Европратеници тврдат дека промената на законот за двојно државјанство може да ја загрози Црна Гора

Неколку пратеници во Европскиот парламент во четвртокот побараа од високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика да им одговори што има намера да направи ЕУ во случај на промена на законот за црногорско државјанство, што според нив може да ја дестабилизира земјата.

„Црна Гора, земја со околу 630.000 граѓани, во моментов забранува издавање двојно државјанство, а секоја промена во овој контекст може да има сериозни и долгорочни последици за процесите на одлучување и идентитетот на земјата“, се вели во писмото иницирано од хрватскиот европратеник Давор Штиер (HDZ/EPP), а потпишанo од германскиот пратеник Михаел Галер (CDU/EPP), словенечките пратеници Матеј Тонин (Нова Словенија-Христијански демократи/EPP) и Милан Звер (SDS/EPP) и хрватскиот европратеник Томислав Сокол (HDZ/EPP).

Во Црна Гора, земја-кандидат за членство во ЕУ, се води јавна дебата за идејата за промена на Законот за државјанство и овозможување на одлука за правото за стекнување двојно државјанство. Европратениците во писмото велат дека тоа заслужува внимание од ЕУ, „особено кога станува збор за европскиот пат на Црна Гора, но и за суверенитетот на државата“.

Во писмото упатено до високиот претставник Жозеп Борел, се вели дека усвојувањето на правото на двојно државјанство „ќе им овозможи на земјите кои имаат геостратешки интерес во Црна Гора да влијаат на нејзините изборни резултати“ и дека „фактот што бројно малиот електорат во Црна Гора лесно може да биде надсилен од гласовите на новите гласачи, кои ќе го остварат тоа право со добивање на двојно државјанство“.

Просрпските партии од актуелната владејачка коалиција во Црна Гора се залагаат двојно државјанство да им биде достапно на лицата кои добиле српско државјанство и по јуни 2006 година, кога Црна Гора излезе од дотогашната заедничка држава, а имаат црногорско потекло.

Според сегашниот закон, лицата кои добиле друго државјанство пред 3 јуни 2006 година имаат право на двојно државјанство, но оние кои потоа добиле друго државјанство автоматски го губат и црногорското државјанство. Законот предвидува дека во вториот случај е можно да се задржи или да се добие црногорско државјанство само доколку постои билатерален договор со земјата чие државјанство има тоа лице. Црна Гора нема таков договор со Србија.

Црногорскиот професор по меѓународно право и поранешен судија на Европскиот суд за човекови права Небојша Вучиниќ изјави за медиумите дека ваквите измени на законот за државјанство ќе имаат „огромни последици“.

„Измените на законот за државјанство, односно воведувањето на двојно државјанство со Србија, целосно би го опустошиле и правниот и политичкиот поредок во Црна Гора, бидејќи правото на глас, вклучително и правото да одлучуваат на референдум, би добиле стотици илјадници луѓе, пред сѐ, од Србија, кои по потекло можат да добијат црногорско државјанство“.

„Ова е дел од специјалната војна и специјалната големосрпска кампања што се води против Црна Гора веќе неколку години, за укинување на Црна Гора и црногорската нација“, изјави неодамна Вучиќ, пренесув VOA (Гласот на Америка).