Европратеникот Кулоглу и нобеловката за мир Бучамауи во посета на Македонија

Во посета на Собранието на Република Македонија денеска ќе престојуваат европратеникот Стелиос Кулоглу и добитничката на нобеловата награда за мир за 2015 година Видет Бучамауи.

Европратеникот Кулоглу и Бучамауи ќе се сретнат со претседателот на Собранието Талат Џафери, со координаторите на пратеничките групи, а ќе имаат средба и со Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.