Европска банка: Сбербанк Европа најверојатно ќе пропадне

Европската централна банка соопшти дека руските подружници на руската Сбербанк најверојатно ќе пропаднат поради рускиот напад врз Украина, што според „Гардијан“ е само дел од лошите економски вести за Путин.

Сбербанк Европа, која на крајот на минатата година имаше вкупна актива од 13,64 милиони евра, заедно со филијалите во Хрватска и Словенија, последните денови доживеа голем одлив на депозити и веројатно нема да може да ги плати сите свои обврски, вклучително и долговите.

Европскиот единствен комитет за резолуција воведе мораториум на плаќањата во три банки и сега ќе оценува дали е во јавен интерес да се спаси доверителот.

„Сбербанк Европа и нејзините подружници доживеаја значителен одлив на депозити како резултат на влијанието на геополитичките тензии врз нејзината репутација, што доведе до влошување на нејзината ликвидност“, се вели во соопштението на ЕЦБ.

Сбербанк Европа има и филијали надвор од Европската банкарска унија, вклучувајќи ги Унгарија, Чешката Република, Србија и Босна и Херцеговина.

Бидејќи тие не спаѓаат во надлежностите на ЕЦБ, банката контактираше со локалните супервизори.

Ројтерс пишува дека се заштитени граѓаните кои имаат заштеда до 100.000 евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.