Европска комисија: Нема барања за враќање на визите

Европската комисија соопшти дека од земјите членки на Европската унија засега немаaт посебни барања за враќање на визниот режим за земјите од западен Балкан.

Механизмот за можно итно враќање на визниот режим, на шест месеци, за земјите од западен Балкан, стапува на сила од денеска.

Претходно, повеќе членки на ЕУ искажале загриженост поради приливот на „лажни азилатни“ или државјани од земјите на западен Балкан, кои на други начини ја злоупотребуваат можноста без визи да останат до три месеци во шенгенската зона на ЕУ.