„Европска правда“: Секое осмо дете во ЕУ, родено од мајка помлада од 20 години е од Бугарија и Романија

39
Урнат митот: Еве зошто е подобро првото дете да се роди во триесетите
Урнат митот: Еве зошто е подобро првото дете да се роди во триесетите

Жените во Бугарија и Романија се најмладите мајки во Европската унија, покажуваат податоци на Евростат кои ги цитира украинскиот онлајн весник „Европска правда“.

Според Евростат, секое осмо дете во ЕУ, родено од мајка помлада од 20 години, е од Бугарија или Романија.

Најголем удел во раѓање на први деца од страна на млади мајки под 20 години има Бугарија (12,5 проценти од вкупниот број на раѓања во 2017 година) и Романија (12,1 отсто). Следуваат Унгарија (8,5 проценти) и Словачка (8,1 отсто).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.