Европската агенција за лекови в четврток ќе објави заклучок за вакцината на АстраЗенека

Експертите од Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска ќе ги разгледуват достапните податоци за привремената суспензија на вакцината против Ковид-19 на АстраЗенека во голем број земји-членки на Европската Унија по појава на згрутчување на крвта.

В четврток е закажан вонреден состанок на Комисијата за безбедност на лекови на ЕМА (ПРАК), по што ќе биде објавен заклучок за безбедноста на вакцината на АстраЗенека и ќе даде препораки за тоа што да се преземе во иднина.

– ЕМА тесно соработува со компанијата, експерти за крвни болести и други здравствени органи, вклучувајќи ја и британската Агенција за регулација на лекови и здравствени производи (МХРА), анализирајќи го податоците од аплицираните речиси 11 милиони дози вакцини, се наведува во соопштението на ЕМА.

Во соопштението се додава дека експертите детално ги проучуваат сите податоци за случаите на појава на згрутчување на крвта по примањето на вакцината на АстраЗенека.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.