Европската економија најмногу ќе забави во 2023-тa, проценува OECD

Светската економија остро ќе забави следната 2023 година поради најтешката енергетска криза од 1970-те години, а најмногу ќе бидат забавени активностите во Европа, предупреди во вторникот Организацијата за економска соработка и развој (OECD).

Растот на светската економија би требало да забави од годинешните 3,1 отсто на 2,2 отсто во 2023-та, прогнозираат во OECD, незначителни подигнувајќи ја процената за оваа година. Во 2024 година, пак, растот би требало благо да забрза на 2,7 отсто, пресметале стручњаците.

„Нашето централно сценарио не е глобалната рецесија, туку значителното забавување на растот на светската економија во 2023-та и малку поблагата но сѐ уште високата инфлација во многу земји“, вели вршителот на должноста главен економист во OECD, Алваро Сантош Переира.

Глобалното забавување нерамномерно ги погодува економиите, а најмногу заостанува Европа, за што се обвинува војната во Украина која ги погаѓала деловните активности и поттикнува скок на цените на енергенсите во обидот на континентот да престане со набавките на евтините руски енергенси, предупредуваат стручњаците во најновиот извештај за економските изгледи.

Така, растот на економиите во еврозоната, според процените во OECD, би требало да забави од годинешните 3,3 отсто на само 0,5 отсто во 2023-та. Во 2024 година, пак, активностите би требало да закрепнат, со прогнозирана стапка на раст од 1,4 отсто. Во септември OECD за еврозоната за оваа година прогнозираше 3,1-процентен раст, кој според тогашните пресметки би требало да забави на само 0,3 отсто во 2023 година.

Германската економија, најголемата во Европа, би требало следната година да се намали за 0,3 отсто, имајќи предвид дека индустријата во огромна мера зависи од речиси запрениот увоз на руските енергенси, барем директно од Русија по пониски цени. Прогнозираниот пад, сепак, е поблаг отколку што OECD предвидуваше во септември, предвидувајќи 0,7-проценот намалувања на бруто домашниот производ (БДП). Годинава активноста би требало да порасне за 1,8 отсто.

Француската економија е многу помалку зависна од руската економија и во идната година би требало да порасне за 0,6 отсто. Италија, пак, според OECD, би требало да бележи 0,2-процентен раст на активностите.

Британската економија во 2023 година ќе се намали за 0,4 отсто, во прв ред поради подигнатите клучни каматни стапки, скокот на цените и влошените очекувања. Во септември OECD прогнозираше 0,2-процентен раст на активностите.

Американската економија би требало малку подобро да се справи со глобалното забавување, со прогнозирана стапка на растот годинава од 1,8 отсто и од 0,5 отсто во 2023 година. Во 2024-та, пак, растот во САД би требало благо да забрза, на 1,0 отсто. Во OECD со тоа незначително ја подигнаа прогнозата за оваа година и ја потврдија за следната.

Кина спаѓа меѓу малобројните големи економии чиишто раст во следната година би требало да забрза, и тоа на 4,6 отсто од годинешните 3,3 проценти. Во 2024 година растот би требало да забави на 4,1 отсто, прогнозираат во OECD. Во септември за Кина за годинава прогнозираше 3,2-процентен раст годинава и 4,7-процентен раст во 2023 година.

Имајќи предвид дека цените на енергијата веројатно ќе останат високи, OECD на централните банки им сугерира да продолжат со подигнувањето на клучните каматни стапки за да ја зауздаат инфлацијата. Во организацијата тврдат дека наводно се појавиле првите сигнали дека подигнатите каматни стапки во Бразил и во САД веќе почнале да носат резултати, но не го документираат тоа тврдење.

Многу влади веќе потрошија многу пари за да ги ограничат цените на енергијата, со намалување на даноците и субвенциите го ублажија товарот на високата инфлација, но трошоците се високо па поддршката во идната би требало да биде повнимателно насочена, сметаат во OECD.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.