Европската Комисија препорача започнување на преговорите со Македонија

Северна Македонија доби зелено светло од еврокомесарот за проширување Јоханес Хан за започнување на преговори за членство во ЕУ. Хан ги презентираше достигнувањата на земјите од западен Балкан во поглед на спроведените реформи, ставајќи посебен акцент на Преспанскиот договор и договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија, наведувајќи ја нашата земја како „светол пример“ во регионот.

Следно е предлогот да биде одобрен и од советот на министри на земјите членкина ЕУ.