Европската комисија со водечка улога во преговорите со Русија за Јужен тек

123

Европската комисија ќе има водечка улога во преговорите со Русија во текот на изградбата на гасоводот Јужен тек, беше одлучено на денешниот состанок на министрите за транспорт, телекомуникации и енергетика на земјите-членки на ЕУ во Брисел.

Комесарот за енергетика на ЕУ, Гинтер Отингер очекува од земјите-членки на ЕУ вклучени во проектот Јужен да достават формални писма, со цел да добијат овластување да ги водат преговорите со Русија.

Инаку Европската комисија минатата недела изјави дека билатералните договори за изградба на гасоводот Јужен тек – склучен помеѓу Русија, Бугарија , Србија, Унгарија, Грција , Словенија, Хрватска и Австрија – се во спротивност со правото на ЕУ и дека треба да се преговара .

Односно дека рускиот Газпром, која е производител и снабдувач на гас, не може истовремено да биде и сопственик на капацитет за производство и преносната мрежа. Следниот состанок ке се одржи во јануари во Москва.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.