Европската унија подготвува терен во Македонија за смена на власта

6307

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера беше во официјална посета на Унгарија, на средба со премиерот Виктор Орбан и со други високи претставници на официјална Будимпешта. Унгарскиот домаќин го пречекал Мицкоски со сите државни почести.

„Средбата меѓу Орбан и Мицкоски, која беше на државно ниво и со официјален пречек, се случи во официјална резиденција на унгарскиот премиер во замокот „Кармелита“, каде инаку унгарскиот премиер остварува редовни средби со премиери, претседатели и други високи гости“, беше наведено во дел од соопштението до јавноста.

Оваа средба доаѓа во момент кога во Европската унија се престројуваат политичките сили, по изборите во мај годинава за пратеници во Европскиот парламент, кои пак минаа во знакот на големата излезност и на победата на Европската народна партија. Забележителен успех остварија и крајно десните партии.

Многу важни европски функционери, во блиска иднина, ќе бидат заменети. Тој процес почна со претседателот на Европскта комисија, Жан Клод Јункер. На негово место беше именувана Урсула фон дер Лејен, која доаѓа од редовите на германските конзервативни демохристијани – партијата ЦДУ на Ангела Меркел. Но, бранот промени ја опфатија и оваа партија, па Меркел заминува во политичка пензија, што значи дека следуваат нови луѓе и нови политики на ЦДУ. Засега останува да се види кој ќе го смени еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан, како и кој ќе дојде на местото на Федерика Могерини, претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност. Со финализирањето на овие чекори, Европа влегува во една нова ера.

Виктор Орбан е дел од европските десничари и моментно е еден од највлијателните политичари на Стариот континент, како и еден од премиерите на земјите членки на ЕУ со најголема поддршка од граѓаните. Унгарскиот премиер неодамна имаше официјална средба со американскиот претседател Доналд Трамп, во Белата куќа во Вашинготн. Неговите политики добија силна поддршка и од првиот човек на САД.

Орбан досега многупати јавно ја изрази поддршката за Македонија, честопати испраќа пораки за цврсто пријателство со земјава. Тоа се случило и на вчерашната средба со претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и со потпретседателот Александар Николоски. На средбата унгарскитот државен врв, бил зачуден од нивото на корупција во Македонија како и сомнежите за криминал од големи размери на македонската влада. Но, скандалите, корупциските и криминалните афери, непотизмот, незадоволителниот судски систем, како и дискредитираното СЈО предизвикале зачуденост и незадоволство и кај други европски политичари со кои Мицкоски во изминатиов период имал средби.

Но, не само кај европските. И Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија, а моментно политички советник на командантот на воените сили на САД за Европа, и иден американски Помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, по средбата со Христијан Мицкоски, изјави дека имал пријатен, искрен и отворен разговор со лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

Огромното посветено внимание при вчерашната посета на Христијан Мицкоски, може да значи дека Европската унија веќе и отворено порачува дека почнува да го промовира претседателот на ВМРО ДПМНЕ во нов премиер на Македонија. Дека почнуваат да го подготвуваат теренот за смена на власта во Македонија. Очигледно европјаните во него гледаат човек кој Македонија би ја извел на прав пат, односно кој одлучно и решително би ги спровел реформите неопходни за влез на Македонија во Европската унија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.