Европски филмови на деветтиот „Фестивал на тркала“

Европски филмови денеска и утре ќе се прикажуваат бесплатно во рамки на деветтиот „Фестивал на тркала“ во Кинотеката и онлајн преку посебна фестивалска платформа на Сinesquare.net . Филмовите ќе бидат достапни онлајн до 27 ноември 2022.

Фестивалската програма оваа година вклучува четири филма – два од Швајцарија и по еден од Италија и  Белгија. Од 12 часот денеска е проекцијата на швајцарскиот филм „Маре“ (Mare), а од 15 часот ќе биде прикажан италијанскиот „Стакленото момче“ (Glass Boy).

Утре (22 ноември) од 12 часот на програмата е швајцарскиот „Сигурност“ (Sekuritas), а од 15 часот белгискиот филм за деца „Вселенско момче“ (Spaceboy).

Фестивалот го организира продукциската и дистрибутерска компанија „Катавеј“ од Скопје, во соработка со Кинотеката на Северна Македонија и со поддршка на Град Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.